Литература Мисли и цитати

Моќни изреки за љубезноста и благонаклонетоста што треба сите да ги прочитаат

Често слушаме како многумина велат дека љубезните луѓе денес се реткост, и дека љубезноста некогаш знае да биде погрешно сфатена. Токму поради тоа што станала толку ретка, луѓето некогаш знаат да бидат изненадени од некој љубезен чин. Љубезноста е културен начин на однесување кој никогаш нема да излезе од мода.

Секогаш имајте на ум дека сè што зборувате или направите луѓето можат да го заборават, но никогаш нема да заборават како се чувствувале во тој момент. Затоа однесувајте се со другите онака како што сакате да се однесуваат со вас.

Прочитајте ги следниве изреки токму на оваа тема!

„Биди љубезен секогаш кога е тоа возможно, а возможно е секогаш!“ – Далај-лама

„На љубезност возврати со љубезност, но на злото возврати со правда“. – Конфучиј

„Љубезноста е јазик на кој говорат немите, но можат да го чујат и глувите“. – Кристиан Боуви

„Нежноста и љубезноста не се знаци на слабост туку израз на снага и одлучност“. – Халил Гибран

„Најдобриот дел од човековиот живот се неговите мали, безимени, незапомнети постапки на љубезност и љубов“. – Вилијам Вордсворт

„Една од најважните карактеристики на љубовта е љубезноста. Многумина што имаат неволји во бракот некако забораваат да се однесуваат љубезно. Сакаат да ја примат, но заборавиле да ја даваат“. – Тим Лахеј

„ Во секојдневниот живот користете ги човечките изрази како што се: „Ако не ви е тешко“, „Би ве замолил/а“, „Направете ми услуга“, „Ви благодарам“ – тоа се етички начела на однесување“. – Дејл Карнеги

„Мудро е да се додаде масло на рафинирана љубезност во механизмот на пријателство“. – Клодин Колет

„Љубезноста е речиси секогаш поголема кај оној кој ја прима отколку кај оној што ја дава. Она што можеш да го понудиш за тебе може да биде ситница, но на оној што ја прима може да му значи неверојатно многу“. – Ралф Марстон

„Животот е како ехо. Она што го испраќате ви се враќа вам многу пати! Пракса на благонаклоност“.

„Благонаклонетоста лежи во основата зад сите други закони“.

„Власта без благонаклонетост се манифестира како грубост. Моќ без интелигенција се манифестира како глупавост“.

„Ако еден човек им штети на другите, срцето не може да го активира божественото бидејќи она што го пројавува е повреда и штетност. Важно е да се покаже љубов спрема другите“.

„Како што сте добри кон себе мора да покажете љубов кон другите. Ако она што го мислам и го зборувам повеќепати е добро, она што ќе го примам ќе биде добро“.

„Без љубов и благонаклонетост постојат само критики, омраза и лутина“.

„Покажување благонаклонетост на друга особа е резултат на благонаклонетост кон Бога. Сите сме деца од Бога поврзани, вкоренети и едно со Бога. Да се биде ненасилен во своите мисли, зборови и дела“.

„Благонаклонетост е кога ќе направиш нешто за да го ублажиш страдањето на другиот“.

„Несекојдневноста е манифестација на благонаклонетост“.

„Во благонаклонетоста има две страни: јин и јанг. Благонаклонетоста не е секогаш мека. Ова може да биде тешко. Понекогаш мора да се биде тежок од чиста добрина“.

Прочитајте ги и следниве мисли за слободата кажани од големите умови!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје