Височини – Менче Кадинец

Бегаш, иташ, трчаш низ животот, а сакав да се насладам на твојата милост. Ја крадеше  секогаш кога можеше мојата убавина. И милно ме гледаше, не сакав да плачам. Знаев над мене леташ а сите се вртевме со главите кон тие височини, од таму нè гледаше и секогаш ќе речеше “Ќе се вратам”.
Толку слатко ќе се насмееше, очите ќе ти заиграа, ќе завртеше еден круг околу мојата половина, ни солза, ни болка не осетив.

Колку живоста на животот ти прилегаше, колку гордоста ти прилегаше, дури и нежноста те обликуваше како личност. Еден ден ти реков “Можеби нема да се вратиш, не сакам да ме повредиш, ранлива сум”. На глас се смееше тогаш, а мене стравот од височините ме гонеше.

Секое твое полетување те носеше кон небесните сфери, секое твое слетување твој успех. Не можам да го заборавам насмевот твој тогаш, држејќи го кафето во едната рака и милувајќи ги моите образи со другата рака.
Животот ми го вреднуваше, освежуваше, те чекав,те чекав…Во свемирот остана мил мој, а јас, јас само во височините гледам и чезнеам.

Менче Кадинец

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!