Skip to content

Кому си важна?

Седеше на старата клупа во паркот која криеше илјадници приказни, стана преокупирана со себеси. Луѓето околу неа не ги забележуваше и патуваше со мислите додека денот се слизна низ нејзините прсти без да забележи.

***

За момент сфаќаш дека предолго си останала на истото место, а ти се чини како да поминала само една секунда и решаваш дека е време да станеш. Место тоа, остануваш уште цел час размислувајќи за животот, за деновите што следуваат, Размислуваш дури и за птиците. За помалку важни работи како на пример зошто во паркот посадиле црвени наместо бели ружи. Доаѓа едно мало маче во близина на твоите нозе, а ти како да не го забележуваш зошто си преокупирана со себе. Гледа дека не може да ти го одвлече вниманието па одлучува да си го продолжи патот.

Ти во тој момент се сеќаваш на следниве зборови кои некој ти ги кажа: „Никогаш немој да се плашиш да бидеш сама, зошто сами се раѓаме и на крај сами умираме. Мора да научиш да го цениш времето поминато во самотија за после тоа да уживаш кога си опкружена со мили луѓе“. Тогаш помисли на сите важни личности во нејзиниот живот. Се надеваше дека на сите нив им значеше барем половина од тоа колку тие нејзе ѝ значеа. А, зошто всушност се грижиш?

Знаеш дека многу лесно можеш да согледаш кога и колку си некому важна. Кому си важна? Тоа сакаш да го дознаеш или веќе го знаеш. Вреди да се чувствуваш значајна само поради себе! Ако не си за себе, не можеш да бидеш за никој друг. Никогаш немој да ја докажуваш твојата вредност, девојко! Уште помалку да плачеш за внимание или за нечие присуство.  Бидејќи оние кои вистински ја согледале твојата вредност никогаш нема да дозволат да се посомневаш во неа. Само оние кои го ценат твоето присуство и ги боли твоето отсуство би требало да ти се важни. Затоа што верувај ти ним си им многу важна.

Советот што секој треба да го практикува

„Никогаш немој да се сожалуваш или да дозволиш некој друг да те сожалува“, ѝ рече еднаш баба ѝ кога беше веќе доволно возрасна за да го сфати значењето на овие зборови. Добро ги разбираше затоа што тој совет секогаш го применуваше. Ќе го применува до крајот на својот живот .Се насмевна онака во себе без никој да ја забележи, зошто сакаше да привлекува среќа.

Среќата беше тајно оружје кое сакаше да го употребува секогаш кога сакаше да се развесели. Имаше среќа што знаеше да ја повикува истата. Знаеше да се радува како мало дете на ситници. Навидум обична ситница, но тоа што имаше можност да се смее и да прави избори ја правеше доволно среќна. Тогаш се сепна, и сфати дека поминало доста време откако последен пат одлучи дека треба да стане од клупата и да се врати дома.

Заклучи дека доста залутала со мислите. Но беше задоволна затоа што најде одговори на многу прашања кои ја измачуваа.

Напишете коментар