Приказната и ликот на Тристан варираат од автор до автор; дури и правописот на неговото име многу се разликува, иако „Тристан“ е најчест правопис. Како и да е, постојат две главни верзии на легендата Тристан. Раната традиција ги опфаќа француските романси на Томас од Британија и Берол, двајца поети од втората половина на 12 век.
Подоцнежната верзија доаѓа од големото прозно дело Тристан (околу 1240 г.), која е значително различна од претходните приказни напишани од Томас и Берол.
Легендата за Тристан и Изолда
Откако го победи ирскиот витез Морхолт, Тристан патува за Ирска за да ја врати убавата Изолда (за да се омажи со неговиот чичко, кралот Марк од Корнвол). Додека патуваат, тие двајцата пијат од една љубовна напивка со што се вљубуваат еден во друг. Во некои верзии на легендата, ефектот на напивката траат цел живот, но во други верзии ефектите на напивката опаѓаат по три години заеднички живот. Во некои верзии, тие ја пијат напивката сосема случајно; во други, тој што ја прави напивката и кажува на Изолда да ја сподели со Марк, но таа намерно му ја дава на Тристан.
Иако Изолда стапува во брак со Марк, таа и Тристан се принудени заради магијата да се бараат едeн со друг и да се наоѓаат како љубовници. Советниците на кралот постојано се обидуваат да ја обвинат двојката за прељуба, парот постојано користи трикови за да ја зачува својата невиност.
Во верзијата на Берол, љубовната напивка на крајот губи моќ и двајцата љубовници можат слободно да направат сопствен избор дали ќе ја продолжат својата прељубна врска.
Потсетува на љубовниот триаголник Артур-Ланселот-Гвиневер
Како и во љубовниот триаголник Артур-Ланселот-Гвиневер во средновековниот дворски љубовен мотив, Тристан, кралот Марк и Изолда од Ирска се сакаат меѓусебно.
Тристан го чести и почитува кралот Марк како негов ментор и посвоен татко. Изолда е благодарна што Марк е љубезен кон неа. A Марк го сака Тристан како негов син и Изолда како негова сопруга. Но, секоја вечер, сите имаат кошмари за иднината.
Вујкото на Тристан на крајот дознава за аферата и сака да ги затвори својот внук и неговата сопруга. Исто така, присутно е и загрозувањето на кревкото кралство, прекинот на војната меѓу Ирска и Корнвол (Думнонија). Марк се здобива со она што се чини доказ за нивната вина и решава да ги казни: Тристан со бесење и Изолда со палење на клада, подоцна сместувајќи ја во колонија на лепрозни.
Спасувањето и заеднички живот
Тристан бега на патот до бесилка, прави чудесен скок од една капела и ја спасува Изолда. Љубовниците бегаат во шумата Мороа и се засолнуваат таму сè додека не ги открие Марк. Тие склучуваат мир со Марк по договорот на Тристан да ја врати Изолда во Ирска и Марк да ја напушти земјата. Потоа, Тристан патува за Бретања, каде се жени за Белораката Изолда, ќерка на Хоел од Бретања и сестра на Каедин.
Заедничка смрт
Но тој никогаш не престанал да ја сака кралицата на Корнвол. Кога бил ранет во битка, тој испратил брод да ја донесе да ги залечи неговите рани. Побарал од бродот да пушти бело едра, ако таа се наоѓа на бродот кога се враќа назад. Љубоморната сопруга на Тристран дознала и му рекла дека бродот што се враќа плови со црни едра и тој починал од тага. Кога Изолда слушнала за неговата смрт, таа починала од скршено срце.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.