Skip to content

Препорака за читање: „Фајронт во Сараево“ од др. Неле Карајлиќ

Не постојат голем број на книги кои се читаат во еден здив, а оваа книга е токму таква. „Фајронт во Сараево“ започнува прилично шокантно, со срцевиот удар, кој Неле го доживеал во 2011 година. Се добива впечаток дека овој настан го мотивирал Неле да напише книга.

Динамиката во книгата започнува околу 50тата страна каде што др. Неле доста добро ги опишува енергијата и народот во Сараево во 70тите и 80тите години на минатиот век. Овие приказни ни се чинат доста интеренски нам, оние кои не живееле во тоа време, но се изнаслушале за истото.

Токму таа приказна е клучна во книгата. Од првата страница добивате чувство дека разговарате со др. Неле и дека тој ви ја раскажува неговата животна приказна, на народски јазик со примеси на панк. Во книгата се препознава нешто што денес и тоа како ни недостига – животна приказна од општо значење, која сите ја имаме и можеме да ја споделиме, онака од срце, без влакна на јазикот, но тоа некако не го правиме.

Во оваа книга, др. Неле е сонувач на сончевата страна на улицата, навивач, жртва, визија која чекори, непресушен извор на идеи, дланка полна страв.  „Фајронт во Сараево“ е еден од оние рок концерти на кои др Неле соблекува сè од себе, се фрла в публика, а на сцената остава сè од себе. Оваа книга е биографска книга за Неле Карајлиќ.

Книгата завршува со неговиот последен лет од Сараево. Врз она што го кажува др Неле, се добива впечаток дека во Белград не слетал оној ист човек, но остатокот на книгата покажува дека сарајлијата Неле сè уште некаде постои. Оваа книга со сараевски жаргон е одлична книга за рајата и покрај сè, е за секоја препорака.

Др. Неле, ако случајно го најдеш овој текст, контактирај нè. Може да испиеме по некое пиво. Сигурно ќе имаме дополнителни прашања за тебе, а зошто не и интервју? На останатите им препорачуваме да ја прочитаат оваа книга и да уживаат во вистинската приказна.

Ви ја препорачуваме и „Приказни за добра ноќ“ од Наталија Наумовска.

Напишете коментар