Skip to content

Лаза Костиќ, еден од најголемите српски поети и претставник на српскиот романтизам

Лазар Костиќ – Лаза (31 јануари 1841 – Виена, 9 декември 1910) бил српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика. Освен лирски песни и балади, пишувал поетски трагедии, раскази и есеи.

Животопис

Лаза Костиќ бил роден на 31 јануари по стар, односно на 12 февруари по нов стил, во 1841 година во Ковиљ, Бачка, во војничко семејство. Татко му се викал Петар Костиќ, а мајка му Христина Јовановиќ. Имал постар брат Андрија, но братот и мајка му починале додека Лаза бил бебе, а татко му во 1877 година.

Основно училиште учел во родното место, каде учител му бил Глигорије Глиша Каќански. Гимназија учел во Нови Сад, Панчево и Будим, а право и докторатот по право во 1866 година на Пештанскиот универзитет. Најпрво почнал да работи како гимназиски наставник во Нови Сад, а потоа станал адвокат, голем бележник и претседател на судот. На овие работни места бил околу осум години, а потоа, сè до смртта, се занималавл само со книжевност, новинарство, политика и јавни национални работи.

Затворски престои

Двапати бил затовран во Пешта: првиот пат поради лажна информација дека учествувал во убиството на кнезот Михаило Обреновиќ, а вториот пат поради борбениот и антиавстриски говор во Белград на свеченоста по повод прогласување полнолетство на кнезот Милан Обреновиќ. Откако бил пуштен од затвор, во знак на признание бил избран за пратеник во унгарското собрание.

Потоа живеел во Белград, каде бил уредник на списанието „Српска независност”, но поради притисок од реакционерната влада морал да ја напушти Србија. На покана од кнезот Никола I Петровиќ заминал за Црна Гора, каде останал околу пет години како уредник на официјалниот црногорски весник и политички соработник на кнезот. Но и тука дошло до судир, па заминал во Бачка. Во Сомбор го поминал крајот на животот релативно мирно.

Средбата со Никола Тесла

Во 1892 година во Пешта се сретнал со Никола Тесла. Умрел во 1910 година во Виена, а бил погребан во Сомбор.

Бил избран за член на „Српското учено друштво“ на 27 февруари 1883 година, а за редовен член на „Српската академија на науки и уметности“ на 26 јануари 1909 година.

Творештво

Лаза Костиќ бил еден од основачите и водач на „Обединета младина“, започнал и уредувал бројни книжевни и политички весници. Бил близок соработник на Светозар Милетиќ. Во Австрија се борел против клерикализмот, а во Србија против бирократската стега.

Костиќ почнал да пишува во време на романтизмот, во времето на Змај, Ѓура Јакшиќ и други истакнати писатели. По неполни десет години, се вброил во редот на најголемите поети и станал најпознат претставник на српскиот романтизам.

Напишал околу 150 лирски и дваесеттина епски песни, балади и романси.

Три драми

Максим Црнојевиќ, (напишана 1863, објавена 1866)

Пера Сегединац (1882)

Ускокова љуба или Гордана (1890);

Естетичка расправа

Основа на убавината во светот со посебен осврт на српските народни песни (1880).

Философски трактат

Основно начело, Критички вовед во општа философија (1884)

Голема монографија

За Јован Јовановиќ Змај, неговото пеење, мислење и пишување, и за неговото време (1902).

Напишал голем број статии со полемички карактер, предавања, скици и фељтони. Од преведувачката дејност најзначајни се неговите преводи на Вилијам Шекспир: „Хамлет“, „Ромео и Јулија“ и „Ричард III“. Напишал и неколку раскази („Чедо вилино“, „Махараџа“, „Маченица“).

Превел учебник по римско право од германски јазик во 1900 година, во време кога живеел во манастирот Крушедол.

Значење и влијание

Српскиот поет Бранко Миљковиќ има напишано песна со наслов „Лаза Костиќ“.

Бистата на Калемегдан

Биста на Калемегдан

Спомениците на Лаза Костиќ и Ленка Дунѓерски 

Споменик во Куплин

Поштенска марка со неговиот лик од 2010-та година

Поштенска марка со ликот на Лаза Костиќ, ПТТ Србија, 2010 година

Напишете коментар