Skip to content

Таму далеку негде – Виктор Кадинец

  • by

Јас знам каде итам и

без крило да замавнам во лет.

Оково ни од сокол ми е,

ниту како орел гледа,

а знае каде да слета.

 

Низ светот видов и љубов без вера,

верба во љубов загубена,

љубов презаситена,

а негде и прегладнета.

Некои ја газеа,

а некои од неа се пазеа.

Видов и тивок молк,

а врисок во душа

и врисок со отисок на молк.

 

Таму далеку негде…

Најдалечното е она што го посакуваме

и не се мери ни со километар,

ниту мерка таква некој измислил,

па да ја мери думата до срцето,

ниту го измерил некој копнежот,

ниту среќата на кантар се става.

 

Таму далеку негде…

Најблиску до себе.

Секој бега од лошото,

а само ти од доброто.

 

Низ светот видов сè.

И очи без солзи.

И солзи без плач.

И солза,со плач.

И насмевка, без среќа.

И среќа, со насмевка.

Сè видов,

бидејќи со око негледав,

туку со душа мерев.

 

Таму далеку негде…

Најблиску мислава ми беше.

Никои мисли итаа,

некои скитаа,

некои се будеа,

некои остануваа.

И сите ми беа чисти,

како совест на мало дете.

 

Таму далеку негде…

Оково ни од сокол ми е,

ниту како орел гледа,

а знае каде да слета.

Таму далеку негде…

30 см надолу,

од лева страна,

од левото око…

има срце.

И никогаш не го давај без да љубиш.

Виктор Кадинец

Напишете коментар