Вчера објавивме статија посветена на Лаза Костиќ во која накратко пишувавме за неговиот живот и творештво. Но која била неговата најголема љубов со тажна приказна? Прочитајте во продолжение за музата Ленка која го инспирирала да ја напише љубовната химна (според многумина) која е актуелна до денеска.
Убавите жени како инспирација за поетите
Жената отсекогаш имала почесно место во светот на уметноста. Поради убавата Елена жена на спартанскиот крал Менелај, Грците ја започнале тројанската војна според пишувањата на Хомер. Војната донесла десетгодишно страдање на двете војски. Големиот Данте ја имаше Беатриче, Петрарка Лаура, а Лаза Костиќ ја имал Јелена Дунѓерски, наречна Ленка.
Ја нарекувале поетска муза, вила, а Милан Кашанин, големиот историчар на книжевност, рекол дека таа била пресудна во животот на Лаза и толку важна во историјата на книжевноста. Благодарејќи на Ленка, настанала една од најубавите песни во срспската книжевност – „Санта Марија дела Салуте“. Исидора Секулиќ ја нарекла најсилна љубовна песна која иако настанала во епоха на романтизмот претставува предвесник на симболизмот.
Која била Ленка?
Ленка Дунѓерски (1870-1895), најмлада од петте деца на Лазар и Софија Дунѓерски, најбогатиот и најголем српски добротвор, српскиот поет ја запознал уште како девојче во нејзината родна куќа, како голем семеен пријател и кум на почитуваното семејство од Србобран. Никогаш неприлагоден во општеството, Костиќ влегува во судир со званичната политика во Србија, 1884г. На повик на кнезот Никола оди на Цетиње каде работи како уредник на званичното црногорско списание, т.е. сè до 1981-та г. кога ќе го види најмладиот член на куќата Дунѓерски.
На повик на Лазар Дунѓерски, после несогласувањата во кои западнал и на Цетиње, овој поет екстроверт, „со нешто аристократско во изгледот и однесувањето, светски човек кон кој неговите поетски другари изгледале како провинцијалци“, доаѓа на семејниот имот на Дунѓерски во Челарево.
Таму Лаза, вечниот женски миленик, ја затекнува 21-годишната девојка која за време на неговата црногорска сага завршила школо, многу патувала. Таа го школувала својот глас за кој сите со воодушевување зборувале, свирела клавир, научила неколку јазици, сакала коњи и јавање.
Зошто таа не сакала да се омажи за некој достоен за неа?
Девојката чија “плава коса и очи, струк, не ги оставала рамнодушни момците во Виена“, како што запишала во својот дневник, била самостојна, дружељубива дама со завидна убавина и глас. Нејзината несекојдневна појава ја освоила личноста на поетот. А овој интелектуалец, доктор по право, новинар, книжевник, есеист, поет, адвокат, професор во гимназија во Нови Сад, прв преведувач на Шекспир во Србија, после Доситеј најголем полиглот, но и романтичар кој најмногу пати бил апсен или бил пред апсење, имало со што да биде освоен.
Проблемите веќе настанале, мајакта на Ленка, Софија веќе по Нови Сад се жалела дека Лаза ги брка стројниците. На Лазиното прашање зошто не одбере некој што вреди и не се омажи, Ленка одговирла: Ако веќе би морала, тој некој мора да биде како него.
Немоќен нешто да промени, Лаза барал сламка за спас. Како што Ленка некогаш му рекла дека му се восхитува на Никола Тесла, тој му пишува на големиот научник кој го запознал во Пешта (Унгарија) и му кажал дека му нашол одлилна прилика. Тесла не размислувал многу. Тој би оженет со науката.
Во дневникот на Ленка пишува зошто тој не сакал да се омажи со неа
Тука бил и дневникот на Ленка, во кој отворено говорела за препреките кои го гушеле Костиќ. На нејзиното прашање зошто не би се омажила за него, поетот одговара: „Јас сум стар и недостоен за Вас. По ништо не сум Ви достоен.“
За да побегне од своите чувства, заминува во манастирот Крушедол, уште еднаш му пишува на Тесла, но залудно. Во манастирот каде останал 4 години, ја пишува првата песна посветена на Ленка – „Госпоѓица Л.Д“. Во нејзе јасно се гледаат чувставата на поетот на недостојност. Лаза го прави последниот очаен обид. Се жени со Јулијана Паланачки, богата 46-годишна унгарка, негова вереница веќе 12 години која го чекала верно. Кумот на венчавката бил 54-годишниот Лазар Дунѓерски, таткото на Ленка.
На брачното патување во Венеција, Лазо го затекнува веста за смртта на Ленка. Според официјалната верзија, умрела од тифусна треска во Виена. Но последните редови забележани во нејзиниот дневник можат да упатат и на сомнеж дека младата жена самата си ги скратила маките. Скршен од болка, Костиќ утеха наоѓа во црквата Базилика – Санта Марија дела Салуте. 15 години подоцна објавена е грандиозната песна со називот на оваа црква во насловот.
Смртта на Ленка
Ленка умрела на Свети Архангел Михаил, кога верниците масовно доаѓаат во Венеција да се поклонат на Богородичната икона донесена од Крит. Пред смртта Лаза со 1000 круни оставил завештение во манастирот Крушедол. Секоја година на денот на Архангел да се чита молитва за спас на душата на Ленка Дунѓерски. И исто толку во манастирот Раваница во Врдник на Видовден да се молат за покој на душата на Јулија Паланачки.
Лаза умрел 1910-та г., една година после смртта на својата сопруга и објавувањето на химната на љубовта „Санта Марија дела Салуте“. Во последните денови од животот Ленка редовно му била во соновите. Тој дури верувал дека и буден ги слуша нејзините чекори. Целиот свој живот и желба ги преточил во песна со името на италијанската црква во насловот. Во песната љубовта е основен принцип на животот, место на неговата средба со Ленка и после смртта.
Рефренот „Санта Марија дела Салуте“, најважен елемент за звучност на песната станува и тајна формула со која поетот ја доживува својата драга, го разбива пустошот настанат после смртта на вилата од која “светот не видел поубава“.
Љубовната приказна била инспирација за создавање на екранизирана верзија во вид на филм (2016) и серија (2017) со истиот наслов како песната. Главните ликови се Лаза Костиќ и Ленка Дунѓерски, а нив ги толкуваат Војин Цетковиќ и Тамара Алексич.
Прочитајте ја и љубовната приказна на Хенри Милер и Бренда Венус.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.