Skip to content

На Свети Климент

Возљубен беше од Отецот и Синот

Филиокве

Беше збор на другите

Те однесе во прогонство

Но, ти не беше прогонуван

Возљубен беше

И го скрши прогонството

Зошто зборот искажан

Зборот напишан

И да го прогонуваат

Тој опстојува

Ни солзите ни оганот

Не можат да ги натопат

Да ги изгорат

Зборовите кои ти го изговори

Твоите исклесани гласови

Твоето глоголење

Твоето собитисување кирилиско,

Надвишување над нескротивноста

Ја донесе смиреноста на лицата

На оние кои не веруваа.

Ние  денес веруваме

Твојот завет остана заветен

Глаголиме, кириличиме

Словославиме

Не можеме

Да ги надминеме

Твоите сознанија

Твоите продуховенија

Кои ќе ги вдахнуваат твоите ученици

За век и веков.

Словото твое само можеме

Да го словуваме

и да се заблагодариме

за она што ни го даде

Светлината на зборот

Светлината на писанието.

Напишете коментар