Вилем Класон Хеда (4 декември 1594, Харлем – ~ 1680, Харлем) бил еден од првите холандски уметници исклучиво посветени на мртва природа.
Бил современик и пријател на Дирк Халс, сличен на него по сликовниот детаљ и техничката изведба. Но Хеда бил повнимателен и потемелен од Хеда. Покажувал особена вештина и вкус во аранжманот и боењето на чашките, пекарите и бардаците од скапоцен или обичен метал. Тој сликал инзвонредно вкусни нешта. Деликатеси како остриги на богата чинија кои биле често со пресечен лимон, леб, шампањско, маслинки и печива. Дури и пообичните јадења имаат шарм, како да речеме оние со насечена шунка, леб, ореви и пиво.
Едно од најраните ремек-дела на овој сликар, кое датира од 1623 и се чува во Стара пинакотека во Минхен е домашно и домаќинско. Како и подоцнежните во 1651 во Лихтенштајнската галерија, Виена. Полуксузен оброк е прикажан на сликата „Ручек“ (1644) во Аугсбуршката галерија.
Највеќето слики на Хеда се наоѓаат во континентална Европа, особено во галериите во Париз, Парма, Гент, Дармштат, Гота, Минхен и Виена. Хеда бил славен во својот роден град, вршејќи разни важни функции во еснафите во Харлем. Извршил значително влијание врз младиот Франс Халс.
Негови уметнички дела со мртва природа
Прочитајте ја и статијата за Џан Лоренцо Бернини, истакнат италијански барокен вајар, архитект и сликар.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.