На денешен ден бил роден Џан Лоренцо Бернини, истакнат италијански барокен вајар, архитект и сликар

Џовани (Џан) Лоренцо Бернини бил роден на 7 декември 1598, а починал на 28 ноември 1680. Тој бил истакнат италијански барокен вајар, архитект, сликар, писател, режисер и приредувач на јавни свечености.

Бернини е роден во Неапол во семејството на способниот маниристички вајар Пјетро Бернини, родум од Фиренца. На седум-годишна возраст Џан Лоренцо го придружувал татка си во Рим, каде тој работел на неколку значајни проекти. Таму сликарот Анибале Карачи и папата Павле V ја приметиле умешноста на момчето, па така Бернини се стекнал со ексклузивното покровителство на кардиналот Шипионе Боргезе внук на Папата. Неговите први дела биле инспирирани од старогрчката скулптура.

Под покровителство на кардиналот Боргезе младиот Бернини набргу се истакнал како вајар. Меѓу првите дела за кардиналот биле украсните градинарски статуи „Козата Амалтеја со малиот Зевс и фаун“ и неколку алегорични бисти како „Проколната душа“ и „Благословена душа“. На 22 годишна ворзаст ја завршил бистата на папата Павле V. Збирката на кардиналот во Боргеската галерија ги забележува неговите световни скулптури, со низа ремек-дела.

Мајсторски се покажал како вајар
„Енеј, Анхис и Асканиј“ (1619)

Ги прикажува трите старосни доба на човекот од разни гледни точки, позајмувајќи од лик на Рафаелова фреска. И веројатно алегорија која го рефлектира моментот кога синот се здобива со умешноста на неговиот татко.

„Грабнувањето на Прозерпина“, (1621-22)

Потсетува на маниристичкото дело на Џамболоња „Грабнувањето на Сабинките“.  Прикажува мајсторски изработени детали, каде грабнувачот е прикажан со рацете втиснати во кожата на жената.

„Аполон и Дафина“ (1622-25)

Ова е нашироко почитувано дело уште од времето на Бернини. Заедно со подоцнежната статуа на Давид претставува вовед во нова вајарска естетика. Таа го прикажува најдинамичниот и најдраматичниот момент во една од Овидиевите приказни во делото „Преобразби“. Во оваа приказна, Аполон, богот на светлината, го искарал Ерос, богот на љубовта бидејќи си играл со оружје за возрасни. За возврат Ерос го погодил Аполон со златна стрела која го наерала лудо да се вљуби во Дафина, водна нимфа заколната на вечна девственост, која Ерос ја погодил со оловна стрела, така правејќи ја отпорна на Аполоновите навали.

Скулпурата го доловува моментот кога Аполон на крајот ја фаќа Дафина, но таа го замолила татка си, речниот бог, да ѝ ја уништи убавината и да го одврати Аполон со тоа што ќе ја претвори во ловорово дрво. Оваа статуа успева на разни нивоа: го отсликува настанот, но и покажува голема умисленост во вајањето. Скуплтурата ја прикажува метаморфозата на девојката во мртво дрво, сето тоа во камен. Со други зборови, додека уметноста на вајарот се состои во менување на мртов камен во жив лик, оваа скултпура го прави токму обратното, моментот кога жената станува дрво.

„Давид“ (1623-24)

Ккако и делото „Аполон и Дафина“, оваа била револуционерна скулптура за своето време. И двете прикажуваат движење во камен на начин на кој никој претходно немал пробано. Библискиот младич е напнат и решително пофготвен да го фрли неговиот проектил. Славните „давиди“ од фиренските уметници пред тоа го прикажуваат Давид во статичен момент по случката. На пример, триумфалната поза на Микеланџеловиот Давид или надмената исцрпеност на Донателовиот и Верокиовиот „Давид“. Извитканото торзо, збрчканото чело и гранитната гримаса на Берниниевиот „Давид“ ја отелотворува барокната фиксација со динамични движења и емотивност над ренесансната стаза и класичната строгост. Микеланџело ја изразил јуначката природа на Давид. Бернини пак го доловува движењето каде тој станува јунак.

Зрели скулпторни дела

Берниниевите скулптурни дела се многубројни и разнолики. Меѓу другите негови позначајни скулптури се: „Екстазата на Св. Тереза“, во Корнаровската капела, Санта Марија дела Виторија, и денес скриениот Константин, при основата на скалиштето Скала Реџија (која е исто така негово дело). Помогнал и во изработката на Ангелскиот мост (Ponte Sant’Angelo), со тоа што ги извајал двата ангела, кои набргу ги заменил со нивни копии повторно извајани од него, додека другите биле изработени од ученици врз основа на негови цртежи.

На крајот на април 1665, на врвот на својата слава и моќ, Бернини патува во Париз, каде останува до ноември. Неговата меѓународна популарност била толкава што кога правел прошетки низ градот, улиците биле наредени со обожаватели.

Ова патување, поттикнато од отецот Олица, генерал на Језуитите, било одговор на постојаните барања на неговите дела од страна на кралот Луј XIV. Тука Бернини претставил некои (на крај отфрлени) нацрти за источната предница на Лувр. Неговите авантуристички конкавно-конвексни фасади биле отфрлени во полза построгите класични предлози на локалецот Клод Перо. Бернини набргу го изгубил покровителството на францускиот двор бидејќи ја величел италијанската уметност и архитектура за сметка на француската.

Тој имал изречено дека една слика од Гвидо Рени вредела повеќе од цел Париз. Единственото негово дела од времето во Париз е биста на Луј XIV, која го поставила стандардот за кралска портретура во следните сто години.

Прочитајте ја и сторијата на Пабло Пикасо и Дора Мар во парискиот ресторан на изгубената младост.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?