Занимливости и информации Сликарство Уметност

Пабло Пикасо и Дора Мар во парискиот ресторан на изгубената младост

Пред сè, лице. Лице на некој кој нема да се откаже, кој нема да издаде, кој нема да чувствува вина. Лице на жена која одлучила да биде трајно и длабоко ранета од уметноста, ранета епски, еротски, интелектуално. Лице кое збунувало, и не му дозволувало на светот и за миг да помисли дека занимавањето со ова божествена, демонска, ангелска работа – комфорно, удобно, пријатно и лесно. Таа влегла во Херодотовата река која непрекинато тече и тој тек е нејзина сила. Таа не се повторува. Како што никогаш не се повторуваат деновите (Бог ја мрази едноличноста). Бог е критичар. Тој е читател. Но во случај на Дора Мар, Бог мора да бил гледач.

Еднаш рекла дека ѝ е припишана изјавата дека после Пикасо постои уште само Бог, а таа одговорила: „Не се сеќавам дека сум го рекла тоа, но никогаш не прекинав да го мислам“. Се викам Дора Мар. Запознав еден човек. Беше гениј. Беше живот. Раздор. Бараше од мене да го следам без да се свртам. Ми донесе наслада и пропаст. Ми даде безвременска убавина и ме принуди да се плазам со јазикот пред ужасите од војната.

“Не можам да дишам од љубов“

Цел живот Дора Мар се сеќавала дека тоа лето во чијашто срж нешто ја боли од убавина почнало да се разлистува. Тоа лето седела во парискиот ресторан Cafe des Deux Magots и не случајно го видела Пикасо бидејќи претходно нејзиниот пријател Пол Елијар ѝ рекол дека тој тука ќе дојде.

Гледајќи го тоа лето 1936 година почнала да ја игра старата словенска игра, забодување нож помеѓу прстите сè додека не прсне крв. (Дора не внимавала многу во моментите кога крвта прснала) и Пикасо занемел. Во еден миг сфатил дека таа ќе биде негова муза, ја зел нејзината накрвавена ракавица и ја ставил во џеб. Ракавицата ја чувал до крајот на животот.
Тогаш Дора Мар верувала дека Пабло Пикасо е нејзин ангел. И така, како и сите и оваа љубовна врска траела.

Цената на траењето на оваа врска во која се трошела сама себе ќе биде – лудило. И навистина кога таа љубов се повлекла, останало само лудилото.

Болката како инспиративен талент

Слика на која таа се смее, не би можел да насликам. Таа за мене е плачлива жена. Порано ја сликав изобличена, не поради садизам и задоволство, туку само ја следев визијата која ми се наметнуваше“, кажал Пикасо за Дора Мар, за својата муза и љубовница. Како оној јунски, врел ден во Париз да го насетил нејзиниот инспиративниот талент за болка. И дека самата може да направи уметничка кариера како фотограф.

Меѓутоа Пабло Пикасо дословно ја присилувал својата љубовница да се одрече од фотографијата и да се посвети на сликањето. Во името на љубовта кон овој славен Каталонец, Дора кренала раце од фотоапаратот. Така промената на медиум за Дора Мар била уметничка смрт, а Пикасо бил нејзино предодредено лудило.

Бизарниот ефект на отуѓување како антиципација на трагичниот крај на Пикасо и Дора Мар

Дора Мар ја привлекувале манирите на надреалистите. Ги направила видливи сокриените територии на несвесното често фотографирајќи слепи, заспани, љубовници, замислени. Пред да се сретне со Пикасо, негувала жив дијалог со многу значајни надреалисти и великани од тоа време. Ја привлекувале бизарните ефекти на отуѓувањето, истите оние кои ќе настапат после трауматскиот прекин со Пикасо.

Тогаш се повлекува сосема во самотијата на својот стан на улица Монопри, станува сомничава и затворена. Нејзиниот соба станува безоблична, без боја, надеж. Единствениот траг од светлината во поројот од страшниот свет кој ја опкружувал биле нејзините очи со боја на силен леопард. Дури и своите фотографии ги сокрила од очите на гледачите и своите пријатели.

Појавата на Пабло Пикасо во нејзиниот живот променила сè

Нејзината најпозната фотографија Пере Убу, претставува гротескно битие со сурла како глава, шепи со канџи кои го туркаат телото на рептил со тажни, мртви очи, прикажана е со бескрајна нежност.  А тој таинствен створ претставува фетус, и тоа не случајно. Монструозното животно кое будело сожалување и гадење растело во стерилната Дора Мар и останало нејзин сопатник во текот на целиот живот. Потсетувајќи ја дека ако не го сретнела Пабло Пикасо, веројатно би била позната уметница, а не само позната љубовница.

Зовриената крв на родената хрватска бароница ја терала од љубов кон Пикасо и да се степа. Еден ден во неговиот стан се истепала со тогашната жена на Пикасо, Марија Тереза, а своето чуено дело Борба во кафез, каде што на сликата црната гулабица ја претставува Дора Мар, и таа ја победува белата гулабица Марија Тереза. Марија Тереза и нејзините две деца се иселуваат од станот.

Благодарение на неговата непресушна инспирација – Дора, настанала и неговата најпозната слика Герника, преполна со анти воени симболи која ја претставува отворената бесрамност, модерната тиранија и воена агонија.

Дора Мар го пронашла насмеаното лице од Бога и се дочекала на туѓо тело. Нејзиниот Бог се огледал во темната вода на нејзината слатка крв, со која ја натопила ракавицата тој летен ден во Париз. Имал врели, црни очи, убава уста, на лицето имал целосно невини прашања дали е чувар на братот свој и се смеел. Таа не можела да дише. Тоа бил спој на уметничко, возвишено совладување на стравотното и комичното. Односно уметничко празнење.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје