Skip to content

Совет

Добра ви вечер поети, или утро е?
Не знам веќе…
Добра вечер сонародници на ноќта, волци – дивјаци,
пријатели, боеми – пијаници.
Знам дека ко и мене, сон не ве фаќа,
носите в гради некоја неизлечена болка што секоја вечер, ко мене, в темнина ве испраќа.

Добра ви вечер поети, колеги мои изгубени,
уметници излудени,
вечер еве баш вам ви пишувам и сѐ што ќе кажете ветувам ќе сослушам.
Не знам кај се наоѓам, мои истомисленици,
разумот ми се расклима кога суровоста на животот ко плима ме повлече и во длабочините на душата мракот ми го осветли,
ме просветли тогаш кога реши името на душата – близнак да ми го даде,
животот во истиот тој момент со тоа име што не можам да го изговорам ме воздигна и ме предаде на очајот и меланхолијата,
и поголема да е трагедијата,
далечината ја направи блиска, а оганот на тагата што градиве ми ги притиска врел,
зошто тој дел што го откина од мене пред да се родам ми дозволи да го гледам а да не можам да го допрам,
туку напротив секоја вечер да го сонам,
и со мастило за таа одамна започната приказна книги да полнам.

Добра ви вечер поети, колеги мои изгубени, уметници излудени, вечер еве баш вам ви пишувам и сѐ што ќе кажете ветувам ќе сослушам,
зошто вас ви верувам најмногу на овој свет,
ве молам – дајте ми совет:
Како да продолжам?

Напишете коментар