Нема кој не ја знае драмата „Чорбаџи Теодос“. Напишана е во 1937 година. Се смета за врвно уметничко дело на македонскиот писател Васил Иљоски. Делото претставува комедија на интрига инспирирана од анегдота за присилно кумство.
Првобитно драмата била напишана на српски јазик, под наслов „Нагазил човекот“. Потоа самиот автор ја преработил најпрво на централните македонски говори, а потоа на скопски дијалект. Оваа драма изобилува со битови и социјални елементи. Тема на драмата е забрантета љубов меѓу двајца млади. Во драмата јасно е прикажано кој е на страната на доброто, а кој е лош.
Ликовите се комедиографски типизирани. Тие се во согласност со патријархалниот устрој на прикажаниот свет. Во драмата е доловена положбата и немањето можност на жените да одлучуваат за своите постапки во тоа време.
Ликот на чорбаџи Теодос
Чорбаџи Теодос е типичен претставник на власта и парите од тоа време. Низ неговиот лик може да ги видиме добрите карактеристики за тогашните моќници, па слободно може да кажеме дека такви карактеристики речиси нема. Типична карактеристика на овој чорбаџија е тоа што тој сака секогаш да е во право.
Дека не сака доцнење и дека неговата чистота треба секогаш да биде на високо ниво, гледаме уште во првата сцена. Сите околу се виновни оти саатот запрел. Неговата сопруга му носи вода за да се измие, го фрчосува. А слугата му ги светнува чизмите. Теодос е арогантен кон сите околу него, дури и кон неговата жена и кон синот. Остро се противи на неговата љубов кон Стојанка.
Во ликот на чорбаџи Теодос препознаваме еден самобендисан, алчен чорбаџија кој секогаш мисли дека е попаметен од другите. Самоуверен е, многу строг и сите околу му се плашат. Може да кажеме дека ужива омаложувајќи ги сите околу него.
Тргнува да му го земе лозјето на Арсо, несвесен во каква стапица ќе падне. Дека не е онолу итар и паметен како што се дожувува, гледаме кога ќе ги сретне циганите и кога ќе се стори цигански кум. На почетокот никако не сака да прифати. Тој е голем чорбаџија, а тие се сиромашни луѓе кои му се молат на Бога да им даде богат кум. Бог им ги прифаќа молитвите. Големиот чорбаџија не бива да не достои на реченото, па прифаќа да стане нивни кум. Неволјата до толку го снајдува Теодос, што на крајот кандисува да го даде сина си Томче за селанката Стојанка.
Прочитате зошто ликот на Тартиф е одраз на лицемерието.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.