У секого две-три лузни
у секого две-три срдби
Изгубивме две-три војни
Изврвевме две-три царства
Изгоревме две-три гори
Испековме две-три стада
Изедовме две-три ниви
и до искап две-три реки
Испославме две-три лаки
прележавме две-три болки
У секого грижна мисла
и тежина за сè доста
Кутри души до кон каде
Кутри души до кон кога
Леле Леле колку вака
по пат беспат низ век навек
Збирка „Снеубавен ден“ (1974)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.