Не толку одамна, до пред околу 5000 години, најголем дел од европските јазици имале заеднички предок, праиндоевропскиот јазик. Освен нив, од него потекнуваат и индиските и иранските јазици. Некои цели гранки, како тохарската и анадолската, се целосно изумрени. Во прилог ви даваме еден интересен пример за нивото заедништво, кое постои и онаму каде што се чини дека го нема.
Етимологија на „дожд“. Прасловенски *dъždžь од *dusdjos, од праиндоевропското *dus-dyu (лошо небо). Првиот дел, dus, е зачуван во индо-иранските јазици, како во персиското душман (лошомислител, кој ти мисли лошо). Вториот *dyu (небо, бог) останал во deus, Зевс, првиот дел од Јупитер (од праиталското djous patеr), и веројатно нашето див (од старословенското „диво“ = чудо, со првично значење на нешто чудно, чудесно, божествено). Алтернативно, и многу помалку веројато, дожд доаѓа од сосема друг праиндоеврпски корен, како и англиското dust (прашина).