Икар е синот на Дедал – грчки архитект кој по наредба на кралот Минос го изградил фамозниот лавиринт на Крит. Се верува дека на крајот од лавиринтот е заробен минотаурот (чудовиште, половина човек половина бик).
По завршетокот на лавиринтот кралот Минос ги затвара Дедал и неговиот син Икар во лавиринтот за да не можат никому веќе да му го покажат влезот и излезот од лавиринтот
Талентираниот Дедал ги собира сите паднати пердуви од птиците што го прелетуваат лавиринтот и со восокот од свеќите прави крилја за себе и за Икар. Планот е да излетаа од лавиринтот и да побегнат од Крит. Пред полетувањето Дедал го предупредува идеалистичниот Икар да не лета премногу ниско за да влагата на морето не му ги отежне пердувите, ниту па премногу високо за Сонцето да не му ги изгори крилјата. Двајцата конечно полетуваат. Икар иако ветува дека ќе внимава, за брзо е обземен од убавината на небото и облаците. Желбата за што повисок лет ја преминува онаа на стравот и ветувањето. Се доближува до Сонцето чија топлина го топи восокот и ги гори пердувите. Икар паѓа од небесата длабоко во морето и неговиот живот завршува во брановите. Дедал, скршен од смртта на својот син, на местото на кое Икар умира го дава неговото име. Па и ден денес тој предел е познат како Икарското море.
Моралот на оваа приказна е: Колку повисок лет, толку посилен пад. Не летајте премногу високо, од желба за нешто повеќе може и да го изгубите она што веќе е ваше. Во овој случај Икар го губи животот. Но, постои и друга верзија, дел од песна што вели:
Не дозволувајте да ве плашат со Икар,
Икар се смееше и додека паѓаше.
Прочитајте и зошто на празникот Св. Василиј се става златник или паричка, а не на Бадник.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.