Чашите шампањ светкаа под жолтото светло на скапоцениот лустер. Жагорот на присутните гости ја исполнуваше балската сала. Сите што се сметаа за “некој” во светов беа присутни. Милиони долари само во фустани и костуми. Се смешкав. Потпивнував од кристалната чаша, подголтнував измеѓу кнедлата и дишев преку трњата низ душава. Да си дел од таа Холивуд елита значеше пред камери, меѓу луѓе и на фотографии да бидеш насмеан. Секогаш насмеан, секогаш среќен, совршен. Не знам што се случи таа вечер. Можеби совршеноста му здодеа на обичниот народ, можеби петте минути слава беа привлечни или па милионите долари.
Истрелот го запре жагорот. Ми ја искина кошулата, ми ја прободе кожата и разлеа крвта. За некое чудно, не паднав, седнав на столицата и сосем смирено го чекав моментот на смртта. Се појави од некаде, можеби и требаше да очекувам, години игнор, години играње играчки, заебана работа, заебана љубов и душа, сосема беше природно после сѐ да бидеш тука. Ко што ме дочека така и да ме испратиш. Пребледе. Стутка чаршав од масата во раката и ми притисна на градите. Седна пред мене, плачеше.
“Немој.” Ти го допрев челото со моето.
“Што немој?” прошепотив сѐ уште смирено.”Не ме оставај.” ти затрепери гласот. И мене едно време така ми трепереше. Добро се сеќавам.
“Не можам. Не можам веќе.”
“Не. Немој” се расплака. “Остани. Остани. Остани.” “Не можам.” се насмевнав. “Завршив.” “Ќе му простиш ли на душава? Прости му на душава. Прости му. Прости ми…” Повторуваше притискајќи го чаршафот, обидувајќи се да ја запреш кривта што ми се разлеваше од градите, обидувајќи се да ми ја стоплиш студената кожа и стопиш мразот во гласот.
Ама не можеше… Не можеше…. Доцна беше… Веќе ништо не можеше. Се поттргнав за да ти го видам за последен пат поубаво лицето. “Не плачи. Не се обидувај.” изговорив. Ти го допрев образот, ти избришав солзите со задниот дел на прстите. ” Гледаш? И скршените срца крварат” прошепотив. “ова е мојата лебедова песна.” Се насмевнав.
“Не. Не. Не. НЕНЕНЕНЕНЕНЕНЕНЕНЕНЕ!” Викаше.
“Артемис….” ти го изговорив името и се струполив. Згаснав. Те снема, ме снема, нѐ снема. Завршив. Замрзнав. Умрев.
Прочитајте го и мотивирачкиот текст на Даринка Костадинова.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.