Не постојам за да мотивирам, мотивирам за да постојам – Даринка Костадинова

Го знаете чувството кога сте изгубени, кога не знаете што правите и каде сте? Низ тој период поминува секој од нас, само за некои е подолг, а за некој пократок. Тој е период кога живееме истовремено во минатото, сегашноста и иднината. Тогаш се навраќаме на грешките од минатото и гледаме како тие грешки би се одразиле во иднината, а во меѓувреме само механички ги извршуваме обврските од сегашноста. Е тогаш нашиот мозок се радува за надминатото минато, се плаши од иднината и се нервира што не може да функционира нормално во сегашноста.

Тие емоции го бомбардираат срцето и тоа почнува да паничи, почнува брзо да чука, почнуваме да се се гушиме иако вдишуваме кислород повеќе од доволно.  Добиваме паничен напад. Оваа е само еден дел од тој така наречен изгубен период. Другиот дел го сочинува позната кралица, депресијата. Е кога таа ќе дојде, тогаш нашоиот мозок е изморен од мислење, не ги ни сака ни минатото, ни сегашноста ни иднината. Сега кралицата е на чело на безволноста.

Никаква желба не живее со неа, само лежење и скролање низ социјалните мрежи. Но брзо си оди, доволно е една забава, прошетка и кафе со пријатели и ја снемува како никогаш да не ни била.  Но не сака да остане незаборавна и на нејзино место доаѓа нејзината слугинка, анксиозноста. Таа ја буди емоцијата на вина, вина за запоставените обврски, вина за времето потрошено со пријатели, нервоза, притисок. Таа е причината за повторен паничен напад и повторен циклус на сите стадиуми на изгубеност.

Само едно нешто ќе ја избрка и аксиозноста, а тоа е да си поставите прашање зошто сум неодговорен/а и да одговорите на прашањето со овој одговор – бидејќи сум човек со душа, а не робот. Бидејќи јас сум грешен човек како секој. Нема безгрешни. Бидејќи сум човек кој сака, како секој друг. Нема човек што не сака.  Бидејќи имам, живеам свој живот, а не сум робот управуван од друг. Ниту мојот ум не може да управува со мене. Јас одлучувам за него. Бидејќи тој  може да биде добар слуга, а може да биде и лош господар. И вака стигнуваме до крајот на приказната за изгубената душа.

Даринка Костадинова

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?