Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Те сакам и Те љубам – Виктор Кадинец

Најубави се оние зборови кои те лечат.

Да им исцедиш сок од коренот.

Ко лек да ги пијаш.

Да те однесат.

Да те вратат.

Да им идеш.

Да ти бидат дланка и на и во и од и кога,

трепериш, од тоа и кон тоа и кон себе,

иташ за себе и крајот нема почетокот

и те легнуваат во спокој.

Некој спокој,

кој го бараш и го караш и го ставаш,

како совест да те буди,

среде светот кој се куди,

од луди, се чуди,

кој сон да го фати,

од чија минута да скрати.

Брза, ита, скита.

Зборот мислите го китат.

Ама збор е…

И крши и лечи и печи и гмечи…

Како го чуеш,

тоа ќе ти прави.

А викат исто е…

Те сакам и Те љубам.

Виктор Кадинец

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје