Газев боса низ девет огнови,
за да изгори сè врз мене.
сè што мое не беше,
Оти ме гребеше
сè што до кожата ми допираше..
Ме иритираше..
егземата ми се влошување.
Од секое парче синтетичка насмевка,
облечена во брзање,
од евтина глумата од пластика
наменета за свечени пригоди,
од шушкавите најлонски муабети
скриени во чанти со панделки.
Од костимите од вештачка кожа,
разнобојни и светкави.
И газев низ пеколот за да изгори
сè што мое не беше..
Та не ми е векот илјада години
да чекам оваа синтетика
сама од себе да се разгради.
И изгоре пепел се направи
сè што мое не беше..
И знам,
можеби смогот ќе ги задуши, сите скептици алергични
на душевна голотија и вистина.
Ако ве тригерира голотијата
искривен ви е погледот на реалноста.
Софи Индовино