Децата се најголемото богатство кое родителите можат да го имаат. За нивното воспитување и развој постојат навистина многу податоци во литературата. Но и покрај тоа јасно е дека теоријата е едно, а праксата сосема друго нешто. Ова може да го потврди секој родител. Сите деца не се исти, меѓутоа постојат некои универзални “правила“ кои важат за сите подеднакво. Во денешната статија пишувавме за самодовербата кај децата, но и нарцизмот.
Што влијае врз самодовербата?
На самодовербата влијаат гените кои ги наследуваме од родителите, според заклучокот од една студија спроведена врз близнаци. Меѓутоа, никако не треба да се занемари влијанието на средината во која детето расте – стилот на родителство, топлината, когнитивната стимулација и чувствота на (физичка) сигурност. Родителите, директно или индиректно имаат големо влијание врз детската самодоверба.
Како да се изгради позитивниот став кај децата и вербата во сопствените способности во последните децении е тема која ги засега голем број родители. Многумина сметаат дека токму тој пат ќе им обезбеди успех на децата и среќа во животот. Ваквото добронамерно тежнение понекогаш може да појде во друга крајност и од децата да создаде “мали нарциси“.
Нарцизмот не е само екстремна форма на самодоверба или претерана самоувереност како што најчесто се мисли. Вистината е дека нарцизмот и самодовербата многу малку корелираат т.е. постојат и нарциси со многу мала самодоверба. Додека пак високата самодоверба не подразбира нужно и нацризам. Во прашање се две одвоени димензии кои можат да постојат независно една од друга.
Разлика помеѓу самоуверено и нарцистично дете
Професорите Еди Брамелмен од Универзитетот во Амстердам и Константин Седикидес од Универзитетот од Саутхемптон, понудиле модел кој може да им помогне на родителите да ја зајакнат детската самодоверба, а да го избегнат нарцизмот. Според овој модел постојат три основни градивни елементи.
Во случајот на нарцизмот тоа се илузија (нереалистично согледување на самите себе), супериорност и чувствителност (осцилирање помеѓу претерана гордост и срам). Од друга страна, самодовербата го дефинира реалистичниот поглед на себе и своите способности, тежнение кон личвен развој и постојаност (чувство за вредност која доаѓа одвнатре и опстојува дури и во случај на неуспех).
Нарцистичните деца себеси се согледуваат грандиозно дури и кога доказите го велат спротивното. Сметаат дека се гении и ако имаат просечен IQ, а во возрасниот период сметаат дека се одлични лидери и ако постигнуваат лоши резултати.
Од друга страна самоуверените деца не го преценуваат својот ефект и сопственото доживување го базираат на реалноста. Тие се фокусирани на унапредување на своите способности со вежби и учење, но не и секогаш да бидат подобри од другите. Без оглед на неуспесите, се сметаат за вредни особи, додека нарцистичните деца реагираат со прикриен срам, бес и агресија.
Што покажуваат поновите истражувања?
Поновите истражувања покажуваат дека нарцизмот барем во еден дел се развива како последица на опсипување на детето со премногу пофалби. Овој тип на родители своите деца ги доживува и третира како специјални, посебни, така што по природа ги заслужуваат сите можни привилегии.
На пример, склони се на своите деца да им даваат необични имиња кои ќе ги издвојат од другите. Емоционално инвестираат во друштвениот статус на децата и ужуваат во нивната слава. Ги охрабруваат да мислат дека се подобри од другите без оглед на околностите, поради што децата константно се обидуваат да ги достигнат (нереалните) родителски стандарди.
Здравата самодоверба се негува со реалната повратна информација (наспрема со претерана пофалба), насочување кон развој (наспрема на тоа секогаш да се биде подобар од другите) како и безусловната љубов (наспрема условна, која зависи од тоа дали детето ги исполнува стандардите или не).
Кога децата се успешни во некоја задача, родителите треба да го пофалат нинвиот труд и пристапот на решавање проблем (“Супер си се сетил како тоа да го решиш!“). Кога не се успешни, родителите можат да поразговараат со детето и да го упатат што може да научи од тоа искуство, како да побараат помош или како следниот пат да ја избегнат истата грешка. На тој начин детето ќе научи да прифаќа предизвици и да верува во себе дури и при доживеан неуспех. Пофалбите за децата се многу важни, но и реалистичните повратни информации за исправно да ги согледаат сопствените вештини и способности.
Кога претераната пофлаба не е здрава?
Надуените, неосновните пофалби можат да му испратат целосно погрешна порака на детето дека нема потреба да се труди за да постигне добри резултати. Безусловната љубов влијае на постоње верба во себе која е независна од постигнувањето. Тоа значи дека родителите го прифаќаат детето онакво какво што е – без оглед на успесите и неуспесите. На пример, кога детето нема да се однесува убаво, родителите можат да се фокусираат на исправување на однесувањето, но да продолжат да бидат топли и да покажат уважување на детето како особа. Наместо да ја критикуваат личноста („Ти си безобразен/на!“) треба да го критикуваат само лошото однесување.
Треба да се има на ум дека врз децата сепак повеќе влијае она што го гледаат отколку она што го слушаат. Децата ги имитираат родителите во тоа како се носат со проблемите и неуспесите. Ставот на родителите према самите себе влијае и на тоа што детете мисли за себе. Тоа не значи дека треба да се глуми висока самодоверба бидејќи и детето ќе научи да се преправа дека е нешто што не е.
Сè ова е веројатно лесно да се каже отколку да се направи, како што обично се случува со советите за родителство. Да се биде родител не е воопшто лесно, но ситните промнени како што се пронаоѓање време за разговор со детето, почитување не неговата личност и автентични наспрема неосновани пофалби, ќе му помогне на детето да изгради самодоверба и да ја насочи кон здрав емоционален и друштвен развој.
Прочитајте и кои се нештата што децата засекогаш ќе ги паметат за нивните родители.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.