Многу неправди во светот на науката се направени кон Милева Мариќ Ајнштајн и нејзиниот придонес Алберт Ајнштајн да ја добие Нобеловата награда за физика во 1921 година, за објаснување на фотоелектричниот ефект.
Милева Мариќ е родена во богато семејство, во Тител, Војводина, тогашна Австроунгарија. Била најстара од трите деца во семејство на офицерот на австроунгарската војска. При раѓањето, на Милева ѝ бил исчашен колкот, па затоа левата нога ѝ била покуса од десната. Брзо по нејзиното раѓање, татко ѝ ја завршил воената кариера, па добил работа во Рума, а потоа во Загреб. Смејната куќа на семејство Мариќ, која се наоѓа во Нови Сад, е под заштита на државата.
Нејзиниот живот за време на студиите
Милева Мариќ е една од најгенијалните луѓе на 20-ти век. Во 1890 г. завршила гимназија во Сремска Митровица. Била најдобра во одделението по математика и физика. Од 1890 г. продолжила во гимназијата во Шабац. Кога се преселила во Загреб добила специјална дозвола да оди во училиште само за машки.
Се запишала во петто одделение на Кралската српска гимназија во Шабац. Како талентиран математичар, таа го положила испитот и се запишала на Федералната техничка висока школа во Цирих за да студира математика и физика. Таму го запознала Алберт Ајнштајн, а за време на студиите покажала интерес и знаење за физика, математика и астрономија.
Таа го помина зимскиот семестар во 1897 година во Хајделберг со професорот по физика – нобеловецот Филип Леонард, каде што го проучувала фотоелектричниот ефект. Била воодушевена што дозна за односот помеѓу брзините на атомите и растојанијата на кои се појавуваат нивните судири. Ова е токму она што ќе се занимава во работата на Ајнштајн.
По враќањето во Цирих, станала блиска со Ајнштајн. И покрај фактот дека таа била единствената од одделот која не ги положила дипломските испити, во 1900 година започнала со истражување во лабораторијата на професорот Вебер. Таму ја подготвувала својата дипломска работа. Сепак, одденаш го повлекла проектот за нејзината одлично оценета докторска дисертација, кој никогаш не е пронајдена. Со тоа го завршила своето образование без дипломирање.
Наместо диплома, бидејќи на жените не им се доделувале дипломи, добила само уверение дека завршила Политехнички факултет
Врската со Алберт Ајнштајн
Ајнштајн докторирал во 1901 година. Истата година Милева останала бремена. Заминала кај родителите во Нови Сад за да роди девојче, Лизерл. Некои теории велат дека девојчето починало, а други дека било дадено на посвојување.
Милева и Алберт се венчале во јануари 1903 година. После тоа, Милева ги раѓа синовите, Ханс Алберт, кој подоцнува стана професор на Универзитетот во Беркли (Калифорнија) и Едуард, кој бил ментално болен и за кој Милева се грижела до крајот на нејзиниот живот.
Ајнштајн ги создава основите на новата физика. Го става Њутн на пиедесталот, ја менува теоријата за просторот и времето. Сепак, како што растела неговата слава, така растела и нивната врска. Некои извори велат дека Милева Мариќ учествувала во сите пресметки на славниот Физичар.
По некое време нивната врска полека почнува да пропаѓа. Милева почнала да се чувствува осамено и запоставено. Во тоа време, Алберт започнува авантура со неговата роднина Елза. Така животот на Милева се претвора во пекол.
Разводот со Алберт Ајнштај
Однесувањето на Ајнштајн за време на разводот било толку сурово што целосно ја уништило Милева. Иако измамена и напуштена, таа не дозволува да биде поразена. Милева избрала одличен адвокат кој успеал да ги добие парите од Нобеловата награда да ѝ припаднат нејзе.
Сепак, откако ја добил Нобеловата награда, која станала сопственост на Милева, нивните односи се подобриле. Купува петкатна зграда во најубавиот дел на Цирих. Ајнштајн повторно почнува да ѝ се додворува, останува со неа и поминуваат време заедно.
Некои веруваат дека Алберт никогаш не престанал да ја сака Милева. Најверојатно затоа што никогаш не нашол друга жена што ќе биде толку паметна, со која ќе може да зборува за физика, музика, театар и литература. Но неговото однесување било крајно непредвидливо.
Одеднаш, тој напишал тестамент во кој оставил сè на неговото семејство. Ја замоли Милева таа и децата да не бараат ништо повеќе од него.
Потоа следуваат триесеттите години и големата рецесија што ја носи Милева скоро до пропаст. Помладиот син страдал од шизофренија, што дополнително им го комплицира животот. Ајнштајн се сели во Америка. Милева зависи од него, а тој великодушно ѝ помага. Во тој период таа изгубила две куќи. Третата успеала да ја спаси бидејќи ја купил Ајнштајн. Ја убедил да живее во неа сè до нејзината смрт.
Кон крајот на нејзиниот живот, во 1947 година, одлучиле да ја продадат куќата. Ајнштајн ја поддржувал сè до нејзината смрт. Потоа ја продале куќата парите веќе не ѝ биле потребни. Имала повеќе отколку што ѝ требаат. Ги затвори очите во 1948 година, знаејќи дека нејзиното дете е обезбедено.
Прочитајте повеќе за Вирџинија Вулф – геније на книжевноста.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.