Дали некогаш сте помислиле како ова време не е за вас и дека сè би било многу подобро ако сте се родиле некоја деценија или век порано? Мислите ли дека луѓето тогаш биле онакви какви што би требало, ги ценеле вистинските вредности, музиката била подобра и воопшто животот не бил олку тежок?
Дали (југо) носталгично гледате во жолтеникавите фотографии од вашите родители, баби и дедоввци по тогашната мода и мислите како прелетале деновите? Сметате дека биле поубави и поедноставно времиња, а ова го потврдуваат нивните приказни од младоста? Постојат повеќе називи за тоа – оптимистично сеќавање, идеализација на минатото, розеникава ретроспекција, гореспомнатата носталгија.
Носталгија, без Југославија
Зборот носталгија настанат е со спојување на грчкиот зборот нотос (враќање дома) и алгос (болка). Ја сковал Ј. Хофер, тогашен студент по медицина во својата дисертација од 1688-та година. Му послужила за опишување копнеж за дома која швајцарските пациенти ја чувствувале борејќи се во туѓите земји.
Интересно е што воените лекари тоа го третирале како болест и го припишувале на оштетување на увото или мозокот предизвикан од силен звук на ѕвоно. Им било забрането да ги пеат нивните народни песни за останатите да не се “разболат“ и биле толку сериозни дури што оние кои се оглушувале на забраните биле казнувани со смрт. Војниците што е и логично очигледнобиле склони кон носталгија и Швајцарците не биле први.
Четириес години пред тоа, во Триесетгодишната војна, 6 шпански војници се пуштени дома бидејќи пателе од el mal de corazón (болно срце) за татковината. До 19-ти век тоа чувство станало утврдена шема во книжевниот романтизам.
Концептите слични на носталгијата се појавуваат во културите ширум светот
Саудаде потекнува од Потругалија. Означува длабока емоција, која најдобро би можела да се опише како меланхоличен копнеж, за саканата особа или нештата кои не се тука и веројатно повеќе нема да се вратат. Ја опишуваат и како „љубов која останува кога некоја особа си заминува“. Најчестата тема на песните кои му припаѓаат на музичкиот жанр фадо (настанат во Португалија) всушност е саудаде.
Sehnsucht е грчки збор кој означува чезнеење или копнеж. Некои психолози ја користат за опишување мисли и чувства за несовршеноста и недозавршеност на сите аспекти во животот, заедно со утописката желба за идеално, кое делува пореално од самата реалност.
Mono no aware е јапонски термин кој значи да се биде свесен за минливоста и непостојаноста на сè. Односно нежна тага која предизвикува непроменет факт дека сè е минливо. Во будистичкото учење се појавува концептот на тага (dukkha) кој говори за првата благородна вистина. Втората благородна вистина која се занимава со неговото потекло наведува дека причинителот на тагата е жед (страсна желба). Во проширена смисла значи желба или копнеж.
Кој е најдлабок облик на тага?
Најдлабокиот облик на тага е незадоволство од работите што се онака променливи и непостојани какви што се, а не се поклопуваат со нашите очекувања. Прилично поедноставно речено, тага престанува кога ќе се искоренат копнежите и приврзаност.
Во западното општество и во денешното време, носталгијата повеќе нема негативна конотација. Кога е дозирана, го подобрува расположението и нè поврзува со другите. Потсетувањето на “добрите стари времиња“, вткаено во нас е во секојдневниот живот, од Фејсбук кој нè потсетува на нашите неколку години стари објави па до врамените семејни фотографии, кои сите ги имаме дома на полици или на ѕидот.
Рака под рака со тоа доаѓа идеализација на минатото, односно помнењето на минатите случувања како подобри и поубаво отколку што всушнсот биле.
Како помниме?
Долготрајната меморија не се чува само во еден дел туку во целиот мозок, во групите неврони. Невроните се групирани на ист начин како оригиналното искуство, така што на пример, група неврони во задниот резен ги чуваат визуелните сеќавања, а оние во амигдалата се поврзани со емоциите. Складирањето на меморијата е непрекинат процес на рекласификација настанат поради непрекинати промени во нашите невронски патеки и паралената обработка на информациите во нашите мозоци.
Во свеста најдолго ни остануваат чувствата т.е. како сме се чувствувале и најживо се сеќаваме на настатните корелирани со таквите чувста. Конкретните детали со текот на времето повеќе или помалку избледуваат. Сите наши сеќавања како и нашите мисли се субјективни. Ако сеќавањето сме го поврзале со позитивна емоција ќе го запомниме како нешто позитивно.
Објективно гледано, деведесетите години на минатиот век не биле баш најсреќниот период од нашата историјата, поготво во политичка и економоска смисла. Од санкција, преку хиперинфлација и војни па до бомбардирање, не недостасувале настани кои оставаат рани на душата и горчлив вкус во устата.
За возрасните еден период може да биде ужасен, но не и за децата кои не го доживуваат така
Покрај тоа, голем дел од нас тогаш деца, ништо од тоа не почувствувало и ги помни тие години како убав период. Постојат луѓе кои некои неубави настани како војните, бомбардирањата не ги помнат како лош периодот бидејќи биле мали, а сокривањето во скривалиштата го доживеале како игра.
На генерацијата на нашите родителите Југославија главно во свеста им останала како најубав период. Животот бил поинаков, а тие млади. Таа голема држава како и сите останати работите на светот имала предности и маани, но преовладувачкото чувство било оптимизмот. Така ја запомниле и ни го пренесле нас, па се појавила нова генерација на југоносталгичари кои во таа држава никогаш не ни живееле.
Освен за личната историјата ова важи и за колективното помнење. Пример за тоа е идеализација на педесеттите години на 20-тиот век во САД, низ медиумите претставени како период на винтиџ модата, милкшејкови, плавтие локни на Мерлин Монро и убавите семејни куќи со совршени покосени тревници. Вистински американски сон, ако сте бели и богати во идеален случај, машко. Ако сте да речеме црна жена која работи како домашна помошничка, не е баш така идеално.
Идеализација на минатото низ историјата
Се враќаме на почетокот на овој текст и копнежот за златниот период од човечката историја, кога цветале моралот и културата, се знаел редот и сè било поинакво отколку сега (судејќи по жалопејќите на оние кои отворено ја покажуваат носталгијата). И ништо не било налик срамната декаденција на современиот човек, посебно на новите генерации.
На новите генерации се жалеле и Аристотел и Хорациј уште во анитчкиот период. Во текот (на не толку мал број) векови кои пролетале од тогаш до сега, настанале многу дела во кои се повторувала истата жалба, па се наметнува прашањето: Колку била добра првата генерација луѓе и безгрешна кога со секоја наредна луѓето сè повеќе се расипувале, а дури и денеска има добри луѓе?
Исто така, ако (секоја) претходна генерација била подобра од таа наредната, како и зшото се случило тоа ако таа генерација која се жали ги воспитувала?
Љубовните заплети во новелите
Во Помпеја, градот кој според Википедија е основан во 6-ти или 7-ми век пред н.е. постоеле графити. Ако мислите дека тие биле преубави уметнички дела со возвишена содржина, грешите.
Кога станува збор за визуелното претставување на тој дел од машката анатомија, се променил уметничкиот стил, но не и пораката и функцијата. Што се однесува до моралот, промискутетноста и ставот дека претходно имало повеќе љубов и дека не се мислело само на задоволување на физичките потреби, ќе го земеме приермот од 14-ти век. Џовани Бокачо во тој период на предоот од среден век во хуманизмот, го напишал своето најпознато дело „Декамерон“.
Ако сте го прочитале знаете дека заплетот околку големиот број новели се врти околу сексот. Не само богоугодниот секс во цел на продолжување на видот (во средниот век, единствено таквиот не бил грев), туку и незадолжителниот од уживање, често со луѓето кои јунаците ги гледаат првпат во животот.
Се вели дека добрите писатели умеат да дадат поточна и појасна слика за општеството од одреден период отколку историчарите.
Проблемот или придобивката на денешницата
Модерната технологија пред сè интернетот и социјалните мрежи нè исто колку што нè зближуваат. Преплавени сме од голем број информации отколку што ни се потребни и отколку што е здраво. Истите грижи постоеле уште од појавата на печатарската машина, која била трн во око, пред сè на црквата.
Еден бенедиктантски монах кој бил професионален писар, напишал: „Тие бесрамно штампани материјали кои можат “ох леле“ да ја разгорат младината, на која лесно се влијае…“.
Луѓето повторно силно се загрижиле во 18-ти век кога дневните весници станале популарни. И повторно на сцената стапило радиото. Како што веќе можете да претпоставите истото важело и за телевизијата, уредите за кои “неговите противници изразиле жалење дека се заканува да го угрозат радиото, разговорот, читањето, обрасците на семејниот живот и да резултира со вулгаризација на американската култура“.
Традиционалните вредности и поривот на младите за нешто ново
Проблемот и е отфрлањето на традиционалните вредности. Далеу од тоа дека априори тие се лоши, но исто така на сè помалку луѓе (пред сè на младите) влијае онаа фамозна девиза „а што ќе речат луѓето?“ која ги тера луѓето да го прават она што нив лично можеби не им одговара, но – „тоа така треба“.
„Веројатно не постои период во историјата во кој младите луѓето покажувале толку силна и недвосмислена тенденција да го отфрлаат старото и да сакаат ново“, како што вели еден новинар во постмуртски вечерни новости во својата статија објавена во 1936-та година.
Времињата се менуваат и начинот на живот се порменува. Ако утопиското златно доба никогаш не постоело, денешното време има многу лоши страни, но ги имало секако и претходно. Луѓето најверојатно отсекогаш биле исти. Ги разликувале само подробности. Денес сме сведоци на тотално поразличен начин на живот, кој се промени само во една година. Што ли ќе донесе иднината, останува само да видиме.
Прочитајте jа и статијата за Џорџ Орвел – писателот кој прилично добро ја предвидел иднината.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.