Цело утро се обидувам да исплетам венец,
но цветовите ми се измолкнуваат и ми паѓаат:
А ти седиш тука и кришум ме набљудуваш
од аглите на твоите будни очи.
Прашај ги оние очи што коваат мрачни заговори
кој е виновен за тоа.
Се обидувам да пеам, но залудно.
На твоите усни крадешкум трепери насмевка;
прашај ја зошто не успеала мојата песна.
Усните под заклетва нека ти кажат дека гласот ми се изгуби
во молк како пијана пчела во лотосов цвет.
Вечер е, и време е цвеќето да ги затвори своите чашки.
Допушти ми да седам покрај тебе и моите усни
да ја вршат работата што може да се врши само во молчење
и при благата светлина на ѕвездите.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.