Виктор Иго бил роден на 26 февруари 1802, а починал на 22 мај 1885 г. Тој е француски писател, еден од предводниците на францускиот романтизам. Покрај Балзак, Иго се смета за најголема фигура во француската книжевност во 19 век. Негови најпознати дела се „Богородичната црква во Париз“ и „Клетници“. Прочитајте ги следниве факти за неговиот живот.
1. Поминале децении работејќи на „Клетници“ кое е дело “рекордер“
Иго имал идеја да напише роман во кој ќе ја опише неправдата и социјалната беда од триесетите години од 19. Век. Иако ја почнал “ударнички“ само една година после објавувањето на „Богородичната црква во Париз“, „Клетници“ не ја завршил сè до 1862 година. На ова дело му посветил 17 години од животот. „Клетници“ е еден од најдолгите романи некогаш напишани. Поточно, се наоѓа на 20-то место на листата и има 655.478 зборови.
2. Смислил единствен начин за лекување на креативниот блок
Секoгаш кога ќе почувствувал дека дошол до “ѕидот“ и дека не знае каде понатаму со своето дело, Иго се служел со необичен трик. Се соблекувал до гола кожа и на својот лакеј му ја давал облеката, а потоа се заклучувал во празна соба само со хартија и перо.
3. Официјално е прогласен за светец
Иго станал светец четири децении после смртта. Имено, во виетнамската религија каодаизам, која ги спојува будизмот, исламот, таоизмот, христијанството и многу други вери, Иго бил еден од првите прогласени светци во оваа религија. Меѓу останатите во нивниот пантеон се и Буда, Исус, Мухамед, Јованка Орлеанка, Јулиј Цезар и Конфучиј.
4. Имал занимлива прва брачна ноќ
Иго тврдел дека во текот на првата брачна ноќ со својата љубов од детството Адел Фуше водел љубов дури девет пати. Фуше наводно потполно изгубила интерес за секс после таа вечер и после нивното петто дете, целосно престанала со таа активност. Парот се венчал во 1822 г. кога двајцата имале 20 години и останале заедно 46 години сè до смррта на Адел во 1868 г. Додека траел бракот Иго имал многу љубовници и бил прочуен по промискуитет.
5. За 79-тиот роденден ја организирал една од најголемите забави во Франција
За неговиот 79-ти роденден, одлучил да го прослави “влезот во 80-та година од животот“, така што тој го организирал еден од најголемите приватни собири во француската историја. Половина милион луѓе поминале покрај неговата куќа каде што седел со своите внуци. За него свирел оркестар од 5.000 музичари.
6. Владата не сакала да го погребе по негова желба
Иако имал раскошна прослава на роденденот, сакал да биде погребан како сиромав. Меѓутоа француската влада испланирала такво испраќање од славниот писател што спроводот траел дури шест часа. Неговата тело е поставено под Триумфалната порта, а поворката од два милиони луѓе поминувале покрај него и му оддавала последна почест. Потоа сите пешки пошле на Пантеон каде е и погребан. Криптата ја дели со Александар Дима и Емил Зола.
7. Станал академик по четвртиот обид
Иго три пати се обидел да влезе во Француската академија и сите три пати е одбиен. Критичарите тогаш биле против “романтичната револуција“ која се одвивала, а тој е примен дури во 1841 г. кога ја зпаочнал и политичката кариера. Во 1845 г. кралот Луј Филип му дал овластување да се бори против смртните казни и социјалните неправди, па Иго бил најгласен заговорник на слободата на медиумите и самоуправувањето во Полска. Три години подоцна е избран и во нардоното собрание.
8. Бил во егзил после Наполеоновата револуција
После Француската револуција и победата на Луј Наполеон во 1851 г. Иго себеси се прогласил за непријател на Франција и се преселил во Брисел, потоа на британската територија во Нормандија, а во Франција се вратил дури во 1870 г. Бидејќи во 1868 г. неговата сопруга починала, не можел да учествува на нејзиниот погреб.
Прочитајте ги и следниве факти за Хитлер во периодот пред да стане диктатор.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.