Затвори ме в светилник,
ко да сум натрапник на светов,
ко времето да е мое сето,
ко да немам живот да живеам,
ко да немам со кој да заспијам.
Затвори ме в светилник,
ко да сум најстрашен насилник што некогаш се има појавено,
ко закочена пушка што никогаш ја немаат поправено.
Затвори ме в светилник,
да не можам на морето да му го видам крајот,
затвори ме в светилник за да не ти оправам за пеколот и рајот,
затвори ме во светилник ко лебед што ја нема пронајдено љубовта,
затвори ме во светилник за да ми ја затвориш душата.
Зошто ако душата се отвори,
ако душата се истури,
светот со тагата внатре и оганот ќе го изгори,
зошто ако душата почне да зборува,
ако душата наместо рацете почне да пишува,
ќе излезе една тажна приказна –
за смртник несватлива,
за поет разбирлива,
за писател – од раѓање в срце ко гулаб раскрилена,
ко сакана метастаза низ телото раширена.
Затвори ме в светилник,
зошто не знаат уште на што сум претставник,
на каква револуција сум предвесник,
затвори ме в светилник за пред да почнам, да се изборам со тагата,
па со крената глава да ја фрлам чашата.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.