Уште неразденето,
баба ми станува,
ги замесуваше лепчињата,
се чувствуваше оној топол бран
кој доаѓа од штотуку запалениот огин.
Тивко беше.
Тивко и чудесно.
Низ сите соби се ширеше
мирисот на домашниот леб,
а таа беше среќна.
Среќна оти знаеше дека
некој има покрај неа,
дека тортата што денес ќе ја направи
ќе има кој да ја изеде.
Денес е денот на простувањето.
А неа ја нема.
Неа ја нема да ѝ клекнеме и да ѝ кажеме:
Прости ни за сè што не успеавме
да го оствариме,
прости ни за сè што не те послушавме.
Овој ден со неа е минато.
Добри стари времиња.
Денес ние сме сами.
Денес атмосферата не е као тогаш.
Денес ја јадеме тортата, а немаме вкус.
Денес некому велиме ПРОСТИ НИ,
оти така се вели..
А тој не ни простува..
Добрите времиња остануваат во минатото,
Сега ги нема,
сега само студенило во гради не бие,
а таа е онаму во најтоплото,
таа онаму во рајот сега спие.
Денот во старите добри времиња
никогаш не може да се повтори,
денес не е таков ден,
денес е денот
кога ние не знаеме што всушност сакаме,
денес се тие малку лоши времиња,
денес е сè чудно и блудно,
не, не е како порано,
и никогаш нема да биде,
тоа се стари добри времиња,
каде што вртоглавица имавме од среќа,
а сега имаме вртоглавица од болка..
Ах Вертиго, ах…
Овој ден никогаш нема да биде како порано..
Ах Вертиго!
Софија Величковска