Миле Ѓорѓијоски, познат македонски сатиричар, роден е во Кичево, 1957 год. Објавени книги со афоризми: „Пет до дванаесет“, „Откоси“, „Строго недоверливо“, „Нешто друго“, „Низ иглени уши“, „Три пати на ден“, „Никој не сака да биде плашило“, „Одиме на Венера“, „Не е по протокол“, „Утрински афоризми“, „Илјада и еден афоризам“, „Времето е најдобар судија“ и „Сатирични ми-стерии“. Книги со хуморески: „Тоа е тоа“;
Драми: „Некоректен мртовец“; Радио драми: „Ах тие бројки“. Припремени книги: „Во сатирата е вистината“, „Време е за тројка“, „Три ем“, „ГЕ-50“, „На врвот од вулканот“, „Будење на петелот“, „Балканска трансферзала“, „Струмичка афоризница“, „Делчевски насмевки“, „Деветка“, „Македонска афористична ризница“, „Трагачи по парадокси I, II и III“, „Страшила покрај патот“ и „Од Вардар до Владивосток“.
Член е на Друштво на писатели Србија, БАК Београд, Куќа на култура „Наџи Наман“ Либија, ЗНМ. Добитник на „Златен круг“ за придонес во развојот на сатирата во светот (БАК Београд), Радоје Домановиќ Екселенција сатира, Дрштво на писатели на Србија, Двоен победник на Шабачка Чивија, Раковица 2019, ИФАК Струмица, Златна плакета на Ин Виница церитас, ЗНМ.
Прочитајте ги неговите афоризми што ни ги испрати.
Во креветот не се важни годините. Туку минутите.
Жена ми е нимфоманка. Малку ѝ е еднаш месечно.
Бараше маж на погрешно место. Во сопругот.
За разлика од птиците, жените полетуваат кога ќе ги рашират нозете.
Конечно и тие најдоа нешто заедничко во брачниот кревет. Комшијата.
Од она што им го прават на жените, најмногу треба да се срамат тие што ништо не им прават.
Не ми пречи што жените ми го вртат грбот. Ми смета што не се во мојот кревет.
Тој е внимателен сопруг. Ја изневерува сопругата во најголема тајност.
Имам редовен секс. Секоја прва сабота во месецот.
Сè се случи далеку од неговите очи. Во неговиот брачен кревет.
Одбрана на папучарот: Не го уби сопругата човекот во мене, туку јас станав друг човек.
Не го галат народот. Се плашат да не се дигне.
За заспаниот маж, секоја жена е жената од неговите соништа.
Не ѝ простувај Господе. Ме изневери со атеист.
Кај него неканетите гости, наместо зад вратата, стојат во шифоњерот.
Во политиката влегоа како во јавна куќа. Прво платија, а потоа си избраа положба.
Водачот не може да ја задоволи сопругата. Со народот му оди полесно.
Во сексот не е добро вистината да биде како шило. Ќе го продупчи кондомот.
И нивниот брачен кревет почна да чкрипи. Жена му си најде нов љубовник.
Штом ќе почувствува „глогов кол“ во креветот, жена ми се повампирува.
Две третини од мажите имаат рогови. Па, каде се тие друштва за заштита на животните?!
И ѓаволот има жена. Кој инаку би му посадил рогови.
Немаат сите мажи рогови, туку само женетите.
Тој не успеа да го разбуди животното во неа, а таа му посади рогови.
Бракот му е монотон. Не му се погоди љубовницата.
Комшивката е нимфоманка. По цела ноќ не ги спушта ролетните.
Си го сочува бракот. Наместо сопругата, ја смени љубовницата.
Станавме себични. Никој никого не е*ава.
Ја држи сопругата на око, а ѝ намигнува на комшивката.
Го фати на дело. Ништо не ѝ направи.
Љубовта со пари не се купува. Секогаш некој дава повеќе.
Се моли незадоволниот народ уште малку да се стрпи. Водачот тера сè по список.
Со сопругата водиме љубов еднаш месечно. Така побрзо ни минува времето.
Не му е до секс со сопругата. Ама ужива кога таа со него го изневерува швалерот.
Кога е во креветот заборава дека е лектор. Наместо точка, става рецка.
Знаеме што нè чека. Нè оставија без гаќи.
Среќниот алкохоличар гледа двојно. Наместо својата, две дупло помлади жени.
Лоша вест: нè седнаа в скут. Добра вест: импотентни се.
Пред бракот – секс бомба. Денес – кашикара!
Жена ми обожава кога сексот ќе ми удри в глава. Знае дека сум тврдоглав.
-Извинете, бев брз! – Нема проблем. За мене времето е пари. -рече проститутката.
Па што ако бев во јавна куќа?! Чесно си платив.
Комшивката не се плаши од јавачите на Апокалипсата. Малку се.
Штедат на народот. Пет пари не даваат за она што му го прават.
Помина толку многу време под креветот на комшивката, што стекна станарско право.