Skip to content

Ластовица – Сузана Божиновска

  • by

Птица е.
Не е човек.
Да птица е…
Ластовица е…
Оди но сепак се враќа.
Се враќа
на истото место.
Во истото време.
Истата куќа.
Истото гнездо.
Едноставно не заборава.
Го памети мирисот на огништето
каде пораснала.
Стреата под која нашла
мирно и топло засолниште.
Памети каде била добредојдена.
Се памети…
Кој ја штител.
Кој ѝ го чувал гнездото.
Птица е…
Ластовица е.
Не е човек.
Затоа се памети.
Човекот заборава.
Но таа не ја заборава
подадената рака.
Не го заборава
ни зрното храна.
Не заборава ништо.
Птица е…
Ластовица е…
Порака е!
Пример е!
А САМО ПТИЦА Е.

Сузана Божиновска

Напишете коментар