Гушни ме цврсто уште денес, Лола

Гушни ме цврство уште денес, Лола,
а од утре натаму ќе сме странци.
И некој подобар од мене
ѕвезди од небото ќе си симнува,
оти јас ниту тоа не знаев.
Некој подобар од мене
утринско кафе ќе ти приготвува,
оти јас ниту тоа не знаев.
Некој подобар од мене
ќе те гледа како се смееш
оти јас не знаев ниту да те насмеам.

Гушни ме цврсто уште денес, Лола,
а од утре натаму ќе сме странци.
И нечии туѓи прсти ќе те допираат,
а тебе ќе ти се ежи кожата.
Некој странец ќе се опива од твојот мирис,
ќе се топи во твоите прегратки,
ќе здогледа таков сјај во очите твој
ко што јас никогаш не видов
и ќе се нурне во тебе
и ти ќе му бидеш најубавто место на светот
како што мене некогаш ми беше.

Гушни ме цврсто уште денес, Лола,
а од утре натаму ќе сме странци.
А јас ќе сакам да гледам
како целата среќна и насмеана
стегаш нечија туѓа дланка,
како некому му се фрлаш в прегратки
и посакувам неговите цврсти раце
никогаш да не те пуштат,
да не те испуштат ко јас што те испуштив.
И нека тој ти ги напише сите стихови
што јас не ти ги напишав
оти не знаев.

Гушни ме цврсто уште денес, Лола,
а од утре натаму ќе сме странци.
И не плачи.
Биди среќна, Лола.
Ти заслужуваш да си најсреќна,
ама јас таа среќа веќе не можам да ти ја дадам.

Лина Димоска
close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?