Патот што нè следи
се испружил по коса,
недоречена линија,
во агол стрмен
колку да се скрие
од видокругот туѓ
и да ѝ пркоси на диоптријата.
Коса магија
на не(постоењето)
никогаш исправена горе
или стрмоглаво долу,
оти може да нè однесе
гравитацијата во неповрат.
Косо и тивко,
колку да не забележи некој
пред својот нишан
и да нè следи
дури тој посака
да го испроба
своето ловечко око.
Тони Павлески