Помина времето на радоста
течеше сѐ по својот календар на опстојување,
сега се сѐ смени.
Криви сме сами за овие
отстапувања
уништувања од човештињата…
игра со лудило
кон универзалната љубов
на природата
Снег на прв ден на пролетта,
паднаа цветови на црешата
Гладуваат птиците на стеблата
свиткани од болката
умира музиката од цвркотењата.
Пеперутката се вивна невидум
во непознат правец
Се губат правила,
нека остане во арки барем љубовта
недопрена нека чека,
на уште една
долга пролетна песна..