Ништо не е исто
Тешко дека некогаш ќе биде
Ова невреме…
Или ова време…
Не личи на пролет
А пролет е
Не, не е пролет
Зима е…
Датумот вели едно
А времето вели друго
Погледот кажува едно
А календарот друго
Исто како кога
срцето зборува едно
Разумот зборува друго.
Едно нешто гледаш
Друго нешто во
длабочината на погледот.
Едно чувство
друг допир…
И сè така во недоглед..
Гледаш зима…
А во себе ја чуствуваш
ПРОЛЕТТА!
Секогаш ќе постојат
две годишни времиња во нас.
Ние сме тие кои
ќе одлучат
кое да царува
Сузана Божиновска