Skip to content

Страст

Безсполезна страст го свила моето тело
Чмае како да не го познава веков
Во грлото има вино толку врело
Заледено како срцево на светов.

Опојна е страста како твојот поглед
Ненасушна е како извор кој никнува постој
Лази неуморно по мојов лик блед
И го распламтува целиов мој неспокој.

Трепери душава  и срцево бие
Зарем може некој страст да скрие?
Морници лазат низ секое делче тело
Ќе останеш во него за да биде цело.

Нема да се распрска душава од страст
Ќе ја кријам додека не побара спас
Но ќе го избегнувам твојот поглед
За да се претворам во лед.

Лед ќе станам полн со страст
Ах, за мене знам нема спас!

Напишете коментар