Една априлска шега, денес на лиска ѝ избега,
Не можеше да ја фати…
На една кокошка пердувите ѝ ги врати.
По патот едно желче се крие
Не сака да е мало затоа како волк вие.
Цвеќето се претвори во маџуново дрво
По цел ден тресе маџун
и по нозете го скокотка големиот џин.
А денот пак смешен беше
Сите треви од сон ги будеше
Со нив и црвите и бубалките мали,
а тие се замислиле дека се змејови
цел ден испуштаат чудни звуци..и огнови.
Од високите планини се тркалаат шеќерни сладоледи
Парченца од облаци набрани (од џинови)
Сите ги дочекуваат со прегратки, им се лепат на лицата
А денот пак пролетен беше
Многу насмевки носеше
во клуновите на јато птици,
што се пентереа како верверици…
Николина Ќорвезироска