Еден ден Платон го прашал својот учител: Што е љубов? Како можам да ја пронајдам? Учителот му одговорил: Пред тебе е огромно поле со пченица. Тргни напред без да се вртиш и собери само една стебленка. Ако ја пронајдеш најубавата стебленка, тогаш си ја пронашол љубовта.
Платон тргнал напред и брзо се вратил со празни раце, а не набрал ниту една стеблнка. Учителот го прашал: Зошто не собра ниту една стебленка?
Платон на тоа му одговорил: Бидејќи можев да одберам само една, но не можев да се вратам назад. Ја пронајдов најубавата стебленка, но не знаев дали има уште подобри пред мене и не ја собрав. Како што одев напред, увидов дека стеблинките коишто ги видов не беа толку добри како претходната, така што на крајот не избрав ниедна.
На ова учителот му рекол: Ете, тоа е љубов.
Што е бракот?
Вториот ден Платон го прашал учителот: Што е бракот? Како можам да го пронајдам?
Учителот вака му одговорил: Пред тебе има бујна шума. Тргни напред без да се вртиш, а потоа одбери само едно дрво. Ако го најдеш највисокото дрво, си го пронашол бракот. Платон тргнал напред и после краток период се вратил со дрво. Дрвото не било бујно ниту било високо. Тоа било само обично дрво.
Учителотго прашал: Зошто собори толку обично дрво? Платон одговорил: Поради моето претходно искуство. Ја поминав пола шума. Овојпат го видов дрвото и почувствувал дека не е толку лошо, па го исеков и го довлечкав до овде. Не сакав да ја пропуштам приликата.
Учителот тогаш му рекол: Е ова е брак.
Прочитајте ја и следнава приказна „Ручек со Бог“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.