Ја сакам само неа,
со целиот нејзин раскош,
но и тогаш кога се распаѓа.
И кога е добро.
И кога не е.
Ја сакам и тогаш кога сјаје и блеска,
кога ги засенува сите,
кога го засенува светот.
Но ја сакам и кога немирот и болката ќе ја победат,
кога ќе ја совлада разочарувањето
и луѓето злобни.
Ја прифаќам таква.
Ја прифаќам секаква.
Оти таа моја е.
Моја е и кога е насмеана.
И кога е тивка.
И кога е силна.
И кога е распарчена.
Со неа е како да нема да дојде утре.
Без неа е како да нема да преживеам.
Нема да издржам ако си замине.
Таа не е само среќа, радост и убавина.
Таа е и грижа, бес и болка.
Јас ја сакам таква.
Ја сакам секаква.
И ја гушкам.
И ја чувам.
И ја задевам.
И ја смеам.
И ѝ кажувам колку е прекрасна.
Колку е невозможно убава.
И сетоа длабоко го мислам,
го знам.
Сето тоа длабоко го чувствувам.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.