Подолу е една стара Индијанска легенда, која успева некако да го објасни тој Јинг и Јанг што се наоѓа во човечките битија и онаа крвава борба што се води во внатрешноста.
“Во секој човек се води битка. Во секој од нас борба меѓу два волци. Еден волк го преставува злото: Тој е бес, завист, љубомора, жалење, лакомост, дрскост, самосожалување, вина, гревот, гневот, инфериорност, лага, лажна гордост, егоизам.
Другиот волк го претставува доброто: Она што дава задоволство, мир, љубов, надеж, ведрина, понизност, добрина, добронамерност, љубезност, дарежливост, вистина, милост и вера. “
Малиот Индијанец се замисли за миг. Сите свои мисли вредно ги насочи во длабочината на дедовите зборови, и го праша: “Кој волк победува на крајот?”
Стариот Чироки одговори со насмевка на своето збрчкано лице: “Победува секогаш оној што најчесто го храниш.”
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.