Врне.
Тој ти вели земи си чадор.
Љубов е.
Напорен ден, како легнуваш така заспиваш.
Тој те гали, те покрива, притоа внимава да не те разбуди.
Љубов е.
Разбушавена коса, без грам шминка.
Тој ти вели шармантна си и прекрасна баш таква те сакам.
Љубов е.
Те зема во прегратка да играте танго иако е мртва тишина, танцувате се занесувате.
Очите ви се полни со сјај.
Љубов е.
Во патики и тренерки си му исто толку згодна како и во фустан.
Љубов е.
Пробува да ти ја врзе косата, иако врска си нема.
Љубов е.
Болна си, цела ноќ те пази додека ти спиеш. Љубов е.
Малите работи што некој ги прави за нас се всушност најубавите и искажуваат најголема
љубов.
Малите работи полни со љубов се поголеми од секое ТЕ САКАМ.
Маринела Станковиќ