Со кого се бориме?
Како да сме слепи при очи,
од почеток сме впуштени
во нефер битка,
непријателот не можеме да го видиме,
поголемите непријатели се околу нас,
некои и лидери ги нарекуваме.
Никој не знае кога точно ќе заврши оваа војна,
слободата ја ограничивме
иако таа е внатре во секоја наша клетка
цврсто спротивставувајќи се
на злите сили што сакаат да покосуваат недолжни луѓе.
Каде згрешило човештвото
не е најважно
сè додека има шанса
да ја поправи грешката
иако некои грешки оставаат траен белег,
како на пример згаснатите животи
во една жестока ВОЈНА
кои никогаш нема да се вратат назад.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.