Skip to content

Пајажина

Те прашав зошто статуите на ангелите се покриени во пајажина.
Ми рече: Пушти, нека не гледаат.
Пушти нека очи замаглат – нека затворат
да не видат како себе се убиваме,
како палати во име на љубов уриваме,
а потоа за ситни пари таа љубов ја продаваме.
Ми рече: Не иди веќе тука да ме бараш
зошто ќе те изедат светките на мермерот,
ќе ти се замати од сликата моја погледот
ќе те зажалат ангелите со очите прекриени со пајажина,
оди дома – за жива душа – не се место гробишта.

Напишете коментар