И кога светот суров ќе ми се засмее иритантно в лице:
– Тогаш ќе почнам да врескам на цел глас.
И кога светот ќе ми го стисне грлото и здроби гласните жици:
-Тогаш ќе најдам во мастилото спас.
Ќе пишувам нема – жива дур сум:
За животот, за сонот, за тишината и темнината – за таквите ко нас.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.