Skip to content

Денови кога треба да се биде сам – Никола Маџиров

Во чест на роденденот на големиот македонски поет Никола Маџиров споделуваме негова песна. Уживајте!

Денови кога треба да се биде сам

Вистина е дека градот
изникна како последица на лага
неопходна за луѓето,
саксиите и питомите животни.

(така се снабдувам со
потребните оправдувања)

Вистина е дека сите луѓе
излегуваат од зградите
(чиниш земјотрес)
и со вазна во рацете
одат кон ливадите.

Се враќаат трипати потажни
со прашина во дланките
и неколку шумови
како дупки во сеќавањето.

Потоа
пак заедничка тишина.

Напишете коментар