Денот е поубав кога во него внесуваме насмевка и убаво расположение. Не е секој ден таков, но од нас зависи каков ќе го направиме. Прочитаје ги во продолжение следниве афоризми од македонскиот афористичар Миле Ѓорѓијоски. Ветуваме дека ќе ви измамат насмевка!
1. Родителите што мислат дека имаат лоши деца – ништо не мислат!
2. За бато учебната година беше како сон: успешно ја преспа.
3. Дигитализацијата на учебниците има и добри страни. Сега ќе можам да ставам повеќе кроасани во училишниот ранец.
4. Кај нас дома сите си ја гледаме својата работа. Мама гледа турски серии, тато ЕП во фудбал, а јас цртани филмови.
5. Откако започна ЕП во фудбал најлесно доаѓам до сладолед. Доволно е само да му застанам на тато пред телевизорот.
6. Добро е што веднаш по завршувањето на учебната година започна ЕП во фудбал. Тато заборави да ми го побара свидетелството.
7. Не голтам секогаш букви, туку само кога дедо не сака да ми ја напише домашната.
8. Кинеската вакцина не делува на мама. И пред неа и сега кога ќе се налути крши кинески вазни.
9. Денес по историја изглумив само за тројка. Не е до мене – до суфлерот е.
10. Откако бато тргна на училиште на дедо книгата му е најдобар другар.
11. Не добивам секогаш единици. Не правиме писмени секој ден.
12. За училиштето ме врзуваат убави спомени: Ана, Марија, Бети.
13. Убаво е да се оди на училиште, ама само за викендите.
13. И бато добива петки како од шега. Ама само – на Први април.
14. Баба се лути што ѝ ги навадив цвеќињата со топла, а ми се кара кога пијам ладна вода.
15. Не се бранам секогаш со молчење, туку само кога учителката ме испрашува.
16. За тоа што не можам да испливам од пето одделение криви се мама и тато. Не сакаат да ме запишат во школа за пливање.
17. Откако се ожени вујче не верува дека човекот постанал од мајмун. По вујна вика “маче мое”.
18. Вујче пак доби негативен тест, на полагањето за возачка дозвола!
19. Кога си доаѓа касно дома, тато држи безбедно растојание од мама. Се плаши од нејзината – оклагијата.
20. Кај нас дома сите добија негативни тестови. Дедо по Историја, мама по Географија, тато по Математика.