Избор поезија: Три песни од Хорхе Луис Борхес

Хорхе Луис Борхес е аргентински писател и еден од највлијателните книжевници од 20-тиот век. Најпознат е по своите кратки приказни. Борхес исто така бил и поет и книжевен критичар. Починал на денешен ден (14.6) во 1986 година во Женева. Овде можете да ги прочитате интересните факти за него. Прочитајте го во продолжение изборот на песни кои ги одбравме.

Простување

Денот што го поткопа нашето разделување.
Ден сјаен и благ и ужасен како мрачен ангел.
Ден, кога сите наши усни живееле во блага блискост на бакнежот.
Неизбежно време се претури над залудната прегратка
Двајцата ја разгоривме страста, не за нас, туку за блиската самотија
Денската светлост нѐ отфрлаше: ноќта за час падна.

Појдовме до оградата притиснати од мракот што веќе Даница го блажи
Како што човек се враќа од земјата на мечевите, ја се вратив од твоите солзи.
Ден кој живееше, созреан како сон, меѓу другите денови.
Дури подоцна го дофатив и ги надминав ноќта и пловидбата.

Не сум сигурен дека постојам

Не сум сигурен дека постојм,
во суштина. Јас сум сите поети
кои ги познавав,
сите луѓе кои ги сретнав,
сите жени кои ги сакав:
сите градови кои ги посетив.
Во ништо не сум сигурен,
не знам ништо…
Можеш ли да замислиш дека дури не го знам
ни датумот на својата смрт?

Моите книги

Моите книги (кои не знаат дека јас постојам)
исто толку се дел од мене како и ова лице
со прошарени бакембарди и сиви очи
кои залудно ги барам во прозорското стакло.
Не без извесна логична горчина
мислам дека суштинските зборови
кои ме искажуваат се наоѓаат во овие листови
што не знаат кој сум, не во оние кои ги испишав.
Така е подобро. Гласовите на мртвите
ќе ме кажуваат засекогаш.

Прочитајте ги и неговите најпознати цитати.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!