Skip to content

15 цитати од Хорхе Луис Борхес кој бил роден на денешен ден

Хорхе Луис Борхес бил роден на денешен ден во 1899 г., а починал на 14 јуни 1986г. Тој оставил голем белег врз светската, а не само врз аргентинската книжевност. Прочитајте ги неговите најпознати цитати во продолжение!

Доколку ве интересираат може да ги прочитате фактите за него и неговиот живот што претходно ги објавивме овде.

Во продолежние прочитајте ги неговите најпознати цитати.

1. „Благо на сиромавиот без горчина и на богатиот без горделивост.“

2. „Рајот отсекогаш го замислував како своевидна библиотека.“

3. „Размената на мислењата е неопходен услов за секоја љубов, секое пријателство и секој вистински дијалог.“

4. „Некои се гордеат со книгите што ги напишале, а јас се гордеам со книгите што сум ги прочитал.“

5. „Мислам дека единствена можна освета е заборавањето.“

6. „Освен човекот сите битија се бесмртни бидејќи не знаат за смртта.“

7. „Книгата е единствена, пренослива магија.“

8. „Кога човекот ќе наполни четириесет години, секоја промена станува одвратен симбол за минливоста на времето.“

9. „Јас не можам да спијам освен ако не сум опкружен со книги.“

10. „Пишувањето не е ништо друго освен спроведување на сонот.“

11. „Мислам дека за една жена не можат да се каже дека е најубава или најгрда на светот. Тоа зависи од очите што ја набљудуваат.“

12. „Која било судбина, без оглед на нејзината должина и сложеност, се состои од еден единствен момент, момент во кој човекот еднаш засекогаш сфаќа кој е.“

13. „Љубовта е барање. Ако заљубената особа не ја види недела дена особата во која е заљубена, таа се чувствува несреќно. Па дури и ако е во прашање само еден ден.“

14. „Љубовта е божествен дар, како и убавината, таа нас нè демне од сите страни.“

15. „Кога би можел својот живот повторно да го проживеам, следниот пат би се обидел да направам повеќе грешки. Не би се трудел да бидам толку совршен, повеќе би се опуштил.“

Вреди да ги прочитате и следниве цитати од Нора Робертс која важи за една од најплодните писатели во Америка.