Skip to content

10 интересни факти за Хорхе Луис Борхес

Хорхе Луис Борхес е плоден писател кој живеел прилично долг живот. Тој е најпознат по своите кратки раскази, но пишувал и поезија, есеи, сценарија, литературни критики, а објавил и многу антологии. Исто така значаен е и како преведувач. За него, писателот Куци рекол: „Повеќе од секој друг го обнови јазикот на фикцијата и го отвори патот на една извонредна генерација на шпанско-американски романописци.“

Прочитајте ги во продолжение десетте интересни факти за него.

1. Реклами за јогурт

Пред да стане еден од најпознатите писатели во светот, тој ја започнал својата кариера пишувајќи реклами за јогурт. Можете ли да поверувате?

2. Користел псевдоним

Никој не знае  зошто Борхес не го користел своето вистинско име кога го објавил својот прв расказ. Објавен е во 1933 година под псевдонимот Франциско Бистос.

3. Бил врвен преведувач

Дали сте заинтересирани да ги прочитате расказите на Луис Борхес? Можете да ги прочитате збирките Алеф и Библиотеката во Вавилон, кои се негови врвни дела. Но, Борхес  бил  исто така и добар преведувач. Еден од неговите преведувачки проекти е преводот на книгата Среќниот принц на Оскар Вајлд на шпански јазик на негова девет годишна возраст, а неговите пријатели мислеле дека, всушност, преводот го направил татко му.

4. Не ја добил Нобеловата награда за литература

Многу писатели во светот сакаат да ја добијат Нобелова награда за литература. Таа е една од најпрестижните награди во светот. Борхес всушност бил  номиниран неколку пати за да ја добие оваа награда. Сепак, тој не успеал да ја добие поради неговата поврзаност со чилеанскиот диктатор Аугусто Пиноче.

5. Имал проблеми со видот

Тој го изгубил делумно видот во 1955 година. Сепак, тој пишувал  книги и раскази иако речиси целосно ослепел. Некои стручњаци сметаат дека слепилото му помагнало преку својата имагинација да создаде нови литерарни симболи.

6. Меѓународна награда за издаваштво

Борхес ја добил меѓународната награда за издаваштво во 1961 година. Во тоа време, таа му донела 10.000 американски долари. Парите ги поделил со Семјуел Бекет.

7. Влијание

Борхес влијаел  врз многу писатели, пејачи и уметници. Можете да го видите неговото влијание во филмот Performance со Мик Џегер  од  1970 година. Неговото име е цитирано неколку пати во филмот.

8. Барселона

Сите посетители  кои ја посетуваат Барселона се воодушевени од убавината и архитектурата на овој град. Се чини дека ова не важело за Борхес. Тој го опишал  овој град како гнасен, правоаголен, строг, грд и вулгарен.

 9. Елса Милјан 

Елса Милјан била неговата прва сопруга. Се венчале во 1967 година. Бракот траел помалку од 3 години. Неговите пријатели сметале дека неговата мајка го средила бракот за да има кој да се грижи за него по нејзината смрт. Бракот траел само три години, а по разводот, Борхес се вратил кај мајка си, со која живеел во мал стан сѐ до нејзината смрт.

10. Марија Кодама

Неговиот втор брак беше со Марија Кодама. Тaa беше негов личен асистент. Се венчале само неколку месеци пред смртта на Борхес, во април 1986 година.

Борхес починал на 14 јуни 1986 година во Женева. Починал од рак на црниот дроб на возраст од 86 години.

Прочитајте ги и следниве факти за Сер Волтер Скот.

Напишете коментар