Skip to content

Ако ти молчиш – Рабиндранат Тагоре

Денес споделуваме една песна од Рабиндранат Тагоре, извадок од збирка поезикја.

Прочитајте ја во продолжение и уживајте во читањето!

Ако ти молчиш

Ако ти молчиш, јас ќе го наполнам своето срце со твоето

молчење и ќе го истрпам.

Ќе ја чувам тишината како ѕвездена ноќ,

која ги склопува очите и смирено ја наведнува главата.

Утрото секако ќе дојде, мракот ќе исчезне,

и твојот глас како златни пори ќе се пролее од небесата.

Твоите зборови ќе добијат крилја во песните на сите гнезда на

моите птици и твоите мелодии ќе расцутат како цветови во моите

горски шумјаци.

Напишете коментар