Постојат денови
кои никој не ги сака.
Постојат денови
кои оживуваат спомени
будат сеќавања.
Денови кои му пркосат
на животот
му контрираат на невозможното.
Се станува возможно
но, само за миг.
Еден убав миг
кој води далеку од реалноста
од стварноста…
од сегашноста која боли.
Пушташ глас
немоќен да сториш нешто
немоќен да промениш нешто.
Ти доаѓа да врескаш
да викаш на цел глас…
но нема спас.
Човек си!
Не можеш ништо да смениш.
Не можеш да го вратиш времето
Стрелките на часовникот
одат во еден правец.
Реката тече во една насока.
Ветерот го менува својот пат..
Судбината ако пресече еднаш…
Сече засекогаш.
Лошата стрела
која носи болка
засекогаш остава белег
на местото каде била испукана
Е тие денови…
се најтешки денови.
Денови кога си на место
кое носи болка.
Место каде никој не се смее.
Каде плачот грми од секој агол.
Е тие денови…
тие најболни денови
тие најтешки денови…
никој да не ги доживее!
Сузана Божиновска